Василево
Андонов: Василево ќе добие нова индустриска зона за зајакнување на економијата и ќе се реши проблемот со водоснабдувањето
Објавено на
Од
Media Press
Славе Андонов, кандидат за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ, за претстојните локални избори, се обрати вчера од народниот митинг во општина Василево. Тој порача дека изминатите години се доказ за работата, чесноста и посветеноста кон граѓаните, а и дека Општина Василево е стабилна и без долгови. Андонов повика на поддршка на 19 октомври за број 9, со цел да продолжи развојот на општината во современа и урбана.
,,Мојата работа секогаш била и ќе остане во интерес на сите вас, затоа што Василево е наш дом, и сите заедно го градиме идниот пат кон подобро утре. Јас денес стојам пред вас не како човек кој ветува празни зборови, туку како човек кој изминативе четири години покажа што значи работа, чесност и посветеност кон народот“, рече Андонов.
Андонов потенцираше дека во изминатите четири години во Општина Василево реализирани се проекти, од изградба на фекална канализација и нов културен дом, до воведување на субвенции и уредување на населените места. Според него, ова покажува дека дадените ветувања се исполнети, а општината денес е стабилна и без долгови. Тој додаде дека и во наредните години ќе се продолжи со ваквото темпо на работа и со нови инвестиции за уште подобар живот на граѓаните.
,,Во Василево ќе се заврши последниот дел од фекалната канализација која опфаќа и дел од индустриската зона, со директна заложба на човекот кој е вечерва меѓу нас, министерот за транспорт Александар Николоски. Ви благодариме министер. Во Владевци и Дукатино ќе изградиме бетонски канали. Во Нова Маала ќе изградиме пат до гробиштата, а во Пиперево улица со атмосферска канализација. Во Василево, по завршување на канализацијата, нема да остане ниту една улица неасфалтирана. Во Добрашинци ќе изградиме мултифункционален центар. Сушево, одбојкарите на нашата гордост ОК „Сушево“, ќе добијат нова спортска сала, затоа што тоа го заслужуваат. Субвенциите ќе продолжат и ќе ги прошириме за уште повеќе категории“, кажа Андонов и додаде:
,,Нема да има населено место без повеќенаменско игралиште, Едрениково ќе добие ново игралиште, а во Пиперево ќе го реконструираме постоечкото. Општина Василево повторно ќе биде препознатлива по индустриските зони. Ќе изградиме нова индустриска зона за да ја зајакнеме локалната економија. Во Чанаклија конечно ќе ја уредиме централната улица со регулирање на атмосферските води. Најголем акцент ќе ставиме на решавање на проблемот со водата, целосно ќе го решиме во сите населени места, вклучувајќи ја и Висока Маала. Во Василево ќе изградиме плоштад за јавни настани, место каде што ќе се собира народот, ќе се слават победите и ќе се создаваат нови спомени“.
Андонов ги повика граѓаните на 19 октомври да се обединат и да го поддржат бројот 9, за да продолжи развојот и модернизацијата на Василево.
,,На 19 октомври да излеземе масовно и сплотено и да заокружиме за број 9, за градоначалник и за советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ. Да одбереме иднина за твоето место, да продолжиме да го градиме и развиваме Василево во модерна и урбана општина“, заклучи Андонов.
Поврзани содржини

Нова инвестиција за црквата „Св. Никола“ во Градошорци

Градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов го доби уверението за втор мандат

Општина Василево ќе гради бетонски канал од с.Владиевци до с.Сушево, во вредност од 7 милиони денари

Градоначалникот Андонов најави градежна офанзива во Пиперево, капитални проекти во вредност од 35 милиони денари

Општина Василево до Владата достави проект за фекална канализација во Василево

Исплатени средствата за еднократна парична помош за првачињата во општина Василево
Василево
Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб
Published
6 часа agoна
ноември 16, 2026By
Media Press
Викендов, во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со пригодна свеченост го означија официјалното отвaрање на клубот за дневен престој на пензионерите.
„Грижата за нашите пензионери е наша обврска. Општина Василево за првпат обезбеди просторија наменета за пензионерски клуб, сместен во Домот на културата во Василево. Нашите пензионери, нашите дедовци и татковци, заслужуваат пристојни услови за секојдневно дружење, разговор и меѓусебна дружба. Ова е мал, но значаен чекор со кој покажуваме дека ги почитуваме оние кои со својот труд и посветеност ги поставија темелите на нашето општество“, стои во информацијата споделена на социјалните медиуми.

Клубот е лоциран на приземјето на Доmот на културата во Василево, во поранешните простории на ЈПКД „Турија# Василево. Општина Василево во изминатиот период изврши комплетно реновирање и адаптација на просторот кое опфаќаше малтерисување и боење на ѕидовите, поставување на нов под, нови плочки и санитарни елементи, врати и прозорци и нови светлосни тела.
Буџетот за сите планирани и реалзирани активности, согласно Договорот за јавна набавка со компанијата изведувач на работите изнесува 1 015 612 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на проходи.
Со Одлука на Совет просториите се дадени на користење на Здружението на пензионери на Струмица, како би можело овој пензионерски клуб непречено да функционира, односно да биде во функција на потребите на пензионерите.

Василево
Граѓаните на Ангелци на средба со Градоначалникот на Општина Василево, за креирање на Буџетот за 2027
Published
4 недели agoна
октомври 21, 2026By
Media Press
Синоќа, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше во населеното место Ангелци, каде заедно со месното население разговараше за планираните активности, потреби и проекти кои како дел од Буџетот за наредната година би биле реализирани во ова населено место.

Едно од приоритетните прашања, за кои граѓаните бараат решавање е дислокација на дивата депонија како и доизградба на преостанатите краци од системот за фекална канализација, со што сите домаќинства би добиле можност за приклучување.
„Буџетот го креираме заедно со граѓаните на Ангелци! Одржавме средба со жителите на Ангелци, на која разговаравме за нивните потреби и приоритети за претстојниот буџет на Општина Василево. Клучни проекти за Ангелци се:
-Целосно дислоцирање на дивата депонија
-Продолжување со асфалтирање на улиците, со цел сите да бидат асфалтирани до крајот на мандатот,
– Оградување на училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“
-Изградба на преостанатите краци од фекалната канализација.
Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат во креирањето на буџетот, да ги споделат своите предлози и идеи и да помогнат во утврдувањето на приоритетите за нивните населени места. Заедно ги планираме проектите и ја градиме иднината на Општина Василево“, порачува градоначалникот Андонов од синоќешната средба со жителите на населеното место Ангелци. На средбата присуствуваа и Даниел Иванов – директор на ЈПКД „Турија“, Василево и Томе Спасов, директор на АД Водостопанство, подружница Струмица.
Василево
Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани
Published
4 недели agoна
октомври 20, 2026By
Media Press
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, синоќа во населеното место Радичево, одржа отворена граѓанска средба за креирање на Буџетот за 2027 година.
Граѓаните во непосредна дискусија имаа можност да ги кажат потребите за населеното место, да дават предлози, да разговараат околу приоритетите но и можностите,, се во насока на подобрување на условите во кои се одвива нивното секојдневие.
„Буџетот го креираме заедно со граѓаните! Бевме во Радичево, каде што отворено разговаравме со жителите за нивните потреби, предлози и приоритети за наредниот период.
Радичево е населено место каде што дадениот збор се претвора во реализирани проекти! Во Радичево го реализиравме нашиот најголем капитален проект – изградбата на фекалната канализација, со што покажавме дека ветувањата се исполнуваат со конкретни дела. Тоа е нашата обврска и принцип на работа. Врз основа на реалните потреби на граѓаните, ќе ги креираме и идните приоритети, со јасна цел – ветеното да го реализираме и во наредниот период! Ветеното го реализираме. Продолжуваме посветено, заедно со граѓаните!“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.
На средбата присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“, Даниел Иванов, директорот на АД „Водостопанство“, подружница Струмица, Томе Спасов како и дел од вработените во општинската администрација.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!


















