Избори 2025
Митинг на ВМРО -ДПМНЕ во Конче. Кандидатот за градоначалник Златко Ристов: Сега е време да се продолжи со нови проекти, за уште посилен развој и уште подобри услови за сите генерации
Објавено на
Од
Media Press
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Конче, Златко Ристов на одржаниот митинг во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, најпрво се осврна на досега сработеното во изминатите четири години.

Ристов посочи дека со чесна и посветена работа во Конче реализираше капитални проекти вредни милиони денари, како што се пречистителната станица, реконструкцијата на патишта, нови улици, водоводи и хортикултурно уредување во сите населени места.
Затоа, истакна Ристов, сега е време да се продолжи и со нови проекти, за уште посилен развој и уште подобри услови за сите генерации, при што главен фокус ќе бидат младите.
„За спортот и најмладите ќе направиме реконструкција на тревната стадион со изградба на соблекувални во с. Конче, изградба на велосипедски патеки долж планината Серта вклучувајќи ги сите населени места и Конечките езера, изградба на шаховски полиња во населените места Конче и Лубница, реконструкција на културните домови во село Габревци и село Дедино. Ќе ја зголемиме поддршката во образованието каде што ќе обезбедиме бесплатен училишен прибор за секое првоодделенче, стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој завршува основно образование, стипендии за најдобри студенти, а исто така ќе продолжиме со стипендии за нашите спортисти и претставници од Културно уметничките друштва“, рече Ристов.

Паралелно со вложувањата во најмладите, Ристов истакна дека ќе се вложува и во патната инфраструктурата, како и во водоводната и канализационата мрежа.
„Ќе изградиме потисен цевковод и резервоар за водоснабдување во с. Долни Липовиќ, реконструкција на системите за водоснабдување во населените места: Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. Ќе се направи рехабилитација на локалниот пат Габревци-раскрсница Лакавица во должина од 6km, како и реконструкција на патот, прв дел од Пиперево до Гарван во должина од 3km“, рече Ристов, додавајќи дека за овие проекти ќе се обезбедат средства од општинскиот буџет, како и од буџетот на Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Конче рече дека кандидатот за Конче, Златко Ристов ќе направи се за жителите на Конче, за подобри услови за живот.
Мицкоски укажа дека е вообичаено да се стави акцент на локалните теми, но оти мора да се споменат непринципиелните коалиции.

„Корумпираните политичари кои не бираат средства да се дограбат до фотелјата, а истовремено да ја омаловажуваат Македонија не треба да бидат на политичката сцена. Сетете се само какви понижувања им приредија на граѓаните и на Македонија“, кажа Мицкоски и додаде:
„Сите оние политички партии во минатото, а посебно претходната влада, тука мислам на СДСМ и ДУИ и нивното раководство со гласањето на 19 октомври да ги испратиме во политичка пензија“.

Поврзани содржини

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против физичко и правно лице за фалсификување документи при продажба на дрва

ДЗС: Отстранети неексплодирани артилериски гранати во Општина Конче

Општина Конче реализира набавката на камион -кипер со дополнителна опрема за чистење на снег преку ,,Форум на заедницата”
Избори 2025
СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија?
Published
1 година agoна
октомври 24, 2025By
Media Press
-Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија, прашуваат од СДСМ на прес -конференција.
„Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски медиуми, фокусот на средбите на британската влада било токму ова прашање, но од нашата влада нема ниедна точна информација. Ова е јасен знак дека повторно на оваа тема нешто се крие. Мицкоски одбил да разговара на оваа тема со реномираниот медиум „Тајмс“ и вчера дал само штур одговор за македонската национална телевизија.
Според информациите од Лондон, Велика Британија нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но тоа доаѓа со разговори и понуди за отворање на кампови за мигранти. Бидејќи нашата влада веќе речиси цела година договара ваков тип на заеми и инвестиции, најави кредит од 7 милијарди евра од Британија, Мицкоски веќе не може да се крие и мора јасно да одговори:
Што точно се разговара на темата мигранти и кампови за мигранти?
Дали е точно дека со договорот за заем има и друг договор за мигрантите кој владата не го соопштува?“ велат од СДСМ.
Избори 2025
ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултат, по 20 години, победа во прв круг во бастионот на СДСМ, Струмица и во 33 општини
Published
1 година agoна
октомври 20, 2025By
Media Press
ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултат, по 20 години, победа во прв круг во бастионот на СДСМ, Струмица и во 33 општини
Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултати. По 20 години ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС, Струмица. Уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков освои градоначалнички мандат, забележувајќи историска победа со разлика од над 5000 гласови.
„Освен во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ победи и со тоа зазеде уште неколку општини во кои до сега градоначалници имаше СДСМ. Во прв круг ВМРО-ДПМНЕ ги зазеде од СДСМ следните општини, Берово, Делчево, Маврово и Ростуша, а ги водиме во Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане, Валандово каде ќе одиме на втор круг. ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалници во првиот круг во 33 општини, додека СДС само во три помали општини. Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип се општините кои во прв круг добија градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“ соопштуваат од партијата.
Освен победата во прв круг во скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува во втор круг во општините Аеродром и Карпош, како и во Град Скопје.
„Покрај историската победа на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на СДС, овие локални избори се забележува уште еден важен момент. ДУИ со нивната деструктивна и националистичка реторика и политика, е целосно декласирана. Ова се историски резултати на ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека минатите локални избори во 2021 година, во прв круг освоивме градоначалници во 22 општини, додека СДС во девет. Годинава, за разлика од пред четири години, ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДС само во три и тоа во помали. На овие избори македонските граѓани покажаа дека сакаат Македонија да напредува и да се развива, избра луѓе кои ќе работат во нивен интерес и во интерес на државата“, велат од партијата.
Дојран
Претседателот Филипче од Дојран: Ристо Џинев е гаранција за развој и нови проекти!
Published
1 година agoна
октомври 8, 2025By
Media Press
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Дојран, истакна дека актуелните градоначалници на СДСМ со дела покажауваат како домаќински и чесно може да се водат општините и порача дека континуитетот и искуството се клучни за напредокот на општина Дојран.
„Над 200 имплементирани проекти, од кои сигурно 15 до 20 капитални, и над 30 милиони евра инвестирани во Дојран за 8 години. Нема лажење – има работа. Затоа, Анго, искрени честитки за твојата посветена, искрена и чесна работа за Дојран,“ изјави Филипче, потенцирајќи дека неговата работа и резултатите ја докажуваат посветеноста на СДСМ кон Дојран и граѓаните.
Филипче нагласи дека СДСМ и понатаму ќе биде двигател на локалниот развој и гаранција за стабилност, чесност и конкретна работа во Дојран.
„Сега ве повикувам да го направиме истото. Да ја оставиме апатијата и разочарувањето што несомнено ја има насекаде, особено после ланските избори, и да покажеме дека веруваме во вредностите и политиките. Да покажеме дека имаме добри кандидати, дека имаме чесни луѓе кои ќе ја продолжат работата за Дојран да продолжи да се развива и да остане омилено, вистинско место во Македонија,“ рече тој.
Лидерот на СДСМ кажа дека кандидатот за градоначалник Ристо Џинев и неговиот тим советници имаат капацитет и знаење да продолжат со проектите за развој на Дојран и ги повика граѓаните масовно да ја поддржат листата на советници на СДСМ и кандидатот за градоначалник, Ристо Џинев.


Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

