Конче

Детската градинка од Конче, реагира дека водата за пиење е бактериолошки загадена и не е безбедна за консумација

Детската градинка „12 Јули“ од Конче, реагира дека водата за пиење е бактериолошки загадена и не е безбедна за консумација.

„Според последните наоди направени на 23.09.2025 ве известуваме дека водата е бактериолошки загадена и не е безбедна за консумација од страна на човекот, иако ЈКПД ЛАКАВИЦА пласираа лажни извештаи сепак се докажа дека водата НЕ Е БЕЗБЕДНА. Ова е особено загрижувачки бидејќи станува збор за детска градинка каде секојдневно престојуваат деца“ стои во известувањето од градинката.

Од таму ги повикуваат надлежните институции итно да преземат мерки за решавање на овој сериозен проблем и да обезбедат чиста и безбедна вода.

„Здравјето на најмладите мора да биде највисок приоритет – водата е најосновното човеково право и нема место за негрижа и одлагање!, велат од градинката.

Тие претходно реагираа дека мострите земени на 16 09 исто така не биле уредни па побарале повторно испитување на водата.

„Согласно објавата од ЈКПД „Лакавица“ дека на 16.09.2025 биле земени мостри од вода во детската градинка и дека резултатите биле „уредни“ – ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ дека тоа НЕ е точно. Водата не е земена од градинката, туку од друго место , иако стои место на земање Детска Градинка ,а резултатите се НЕУРЕДНИ и од тоа друго место! Во процес е испитувањето на водата земена од Детската градинка на 23.09.2025“, известуваат од Детската градинка од Конче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago