Струмица

Градоначалникот Костадинов реагира на изјавата на Филипче: Сè кажано ќе го примам како вид политичко неискуство

„Во едно скорешно интервју на МТВ во емисијата „360 степени“ со реномираниот новинар Васко Попетревски, претседателот на СДСМ, г. Венко Филипче, посочи дека наводно јас „сум плукал по партиските другари” и уште низа други нејасни ставови, кои практично ме натераа дури и со замрзнато членство во мојата партија, да одговорам со намера да останам доблесен кон моите партиски другари, луѓе до кои сум растел, сум се развивал и луѓе кои од душа ги почитувам и сакам“ објави градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов на својот ФБ профил.

„Веднаш сакам јасно да кажам, тоа е целосна бесмислица и измислица. Такво нешто никогаш не било мој стил, ниту моја практика. Но, јас нема да одговорам во ист тон и со ист наратив. Не сакам, дури ни несвесно, да направам штета на изборниот процес или на било кој кандидат на СДСМ.

Иако ова, за секој политичар, претставува класичен „пенал“ момент можност да нападне и да извлече поени – јас ќе направам нешто друго: ќе простам. На претседателот ќе му простам и сè кажано ќе го примам како вид политичко неискуство кое е нормално на почеток на секоја кариера. Лесно е да се биде во СДСМ. Но, многу потешко е да го носиш СДСМ во себе – особено кога изворно не си дел од неговите темели, туку си дојденец во него. Затоа овде ќе застанам. Ќе останам доследен на мојот принцип дека својот конечен став за визијата за СДСМ ќе го кажам по завршувањето на локалните избори“, стои во објавата на Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago