Гевгелија
Викендот во Гевгелија лишени од слобода неколку лица, кај нив била пронајдена дрога
Објавено на
Од
Media Press
На 28.09.2025 во 01:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Т.К.(23) и С.И.(25), двајцата од Гевгелија. При преглед на патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, била пронајдена бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Нa 27 во саботата, во 20:00 часот на влез во село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Р.П.(32) од Гевгелија. При контрола на патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него е пронајдена марихуана. Во Полициската станица Гевгелија бил повикан и А.М.(19) од Гевгелија, кој бил сопатник во возилото и со него бил извршен службен разговор. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Р.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Поврзани содржини

Кривична пријава против едно лице од струмичко, во домот пронајдено стебло канабис

Кокаин закопан во земја кај с.Босилово, полицијата со работни машини ја ископа дрогата

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице

Во Радовиш и радовишко лишени од слобода дилер и четворица корисници, пронајдена е марихуана, следуваат соодветни пријави

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

