Радовиш
🥇НАЈВИСОКИ ПРВИ НАГРАДИ СО ПОЧЕСТИ за Јана и Мима Јованови од Радовиш на натпревари по музика 🎹во Њијорк
Објавено на
Од
Media PressВо преполната сала на музичкиот центар Di Menna во срцето на Менхетн во Њујорк беа одржани концертите на победниците од натпреварите по музика организирани од IYMC – International Youth Music Competitions на кои се претставија најдобрите млади музичари од целиот свет.
Во текот на четирите концерти, околу 150 солисти, камерни ансамбли и композитори блескаа со своите уметнички перформанси. Сите тие, во текот на целата година, внимателно беа оценувани од еминентно стручно жири составено од врвни професори од различни земји од сите 5 континенти од светот. По завршувањето на првата online фаза, само најдобрите беа поканети во Њујорк, за уште еднаш во живо да го докажат својот талент и уметнички способности.
На овие концерти, помеѓу најдобрите од најдобрите, се најдоа и Јана Јованова и нејзината сестра Мима Јованова на кои им беа доделени високи Први Награди со Почести (First Prize with Honors) на секоја, во својата возрасна категорија.
Јана Јованова која досега има освоено повеќе од 40тина награди по пијано, помеѓу кои и наградите од Милано, Венеција, Берлин, Париз, Виена, Барселона… се натпреваруваше во категорија Senior (од 14 до 18 години) и со своите 15 години успеа да ја освои највисоката Прва Награда – First Prize with HONORS.

Нејзината сестра Мима Јованова, која претходно има освоено медали и пехари во Венеција и Барселона, овој пат во Њујорк се натпреваруваше во категорија Junior II (од 10 до 13 години), како една од помладите во таа категорија, на 11 години, исто така се здоби во највисока Прва Награда – First Prize with HONORS.

За своите успешни настапи во Њујорк тие добија Медали и Трофеи, на кои се испишани нивните имиња, државата и наградите кои ги имаат добиено. Исто така, нивните кратки биографии се напишани во книгата заедно со останатите најдобри учесници на натпреварот.
На крај, по завршувањето на концертот на победници, Мима и Јана се здобија и со дополнителни медали: Grand Prize и Artist of the Year.
Да се добие покана за Њујорк воопшто не е мала работа, а да се успее да се отиде таму претставува навистина голем предизвик. Имајќи го во предвид фактот дека нашата економската моќ е неспоредливо помала во споредба со многу други учесници од различни земји, јасно е дека без соодветна поддршка ваквите големи проекти би биле неостварливи. Затоа, од особено големо значење е да им се заблагодариме на сите оние кои ги поддржаа Јана и Мима во остварувањето на овие високи резултати за нашата општина и држава.
За прв пат, во овој мандат, тие добија значајна финансиска помош од Општина Радовиш. Со мал придонес се приклучи и Општина Конче. Секако, тука е и нашиот долгогодишен помагател – рудникот Бучим, кој редовно ги поддржува активностите на Јана и Мима. Господинот Ванчо Чифлиганец, кој претходната година лично и ja врачи наградата за „Првенец на генерација“ на Јана, одлучи дека ќе го поддржи овој голем успех.
Посебна благодарност и огромна чест ни е што овој пат најголемата поддршка ни ја даде господинот Ристо Гуштеров, кој навистина на многу начини помогна во конечното реализирање на овој голем проект.
Голема почит и благодарност до сите нив!
Во оваа прилика, сакаме да ги поздравиме и нашите македонци кои живеат во Њујорк и кои многу се израдуваа на успесите на Јана и Мима. Тоа се нашите пријатели: Ненад, Ване, Дејан… како и нашата позната пијанистка Илинка Манова, која живее и предава на конзерваториумот MANNES во Њујорк.
Како и многупати досега, значајно е да се заблагодариме и на сите професорки, кои во претходните години имаат работено со Јана и Мима, и секако нивните сегашни професорки Јасмина Бикова Стојанова и Лина Динева Ристова, кои навистина посветено работат со нив.
На крај, би сакале да упатиме апел до сите бизнисмени и компании, во иднина да ги помагаат младите и талентираните, со што ќе ги мотивираат за големи успеси и ќе даваат личен позитивен пример на следните генерации поддржувајќи ги вистинските вредности.
…изјавија родителите на Јана и Мима

По големиот успех во Њујорк, Јана и Мима добија директна покана за настап во Бехштајн Хол (Bechstein Hall) во Лондон, како и директен пласман за уште неколку други светски пијано натпревари.
Поврзани содржини
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!






