Василево

Во Пиперево асфалтирана улицата што води кон амбулантата

Горд сум што во мојот мандат се асфалтира улицата во Пиперево што води до болницата и училиштето“, со која ја споделува информацијата за последните градежни активности реализирани од страна на општина Василево во населеното место Пиперево, истакна градоначалникот Славе Андонов, каде што е направена  целосна реконструкција на улицата што  води од гробиштата кон амбулантата. Податоците од техничката документација се дека  должината на оваа улица изнесува 420 метри, ширината е околу 4,5 метри односно  1930 м2 нов асфалтен слој. Според Договорот со изведувачот,  планираните средства  за реализација  се  5 009 396 денари од кои 3 423 278 се обезбедени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој  за 2025 година и 1 586 118 денари обезбедени од сопствените извори на приходи на општината, како сопствено учество во вкупната инвестиција.


Проектот е реализиран во партнерство со Центарот за развој на ЈИПР, за што во средината на месец јули градоначалникот потпиша договор со директорот на ЦРЈИПР Ѓоко Камчев.
Андонов најави реализација и на други активности во населеното место Пиперево: „Во Пиперево следува голема градежна офанзива, изградба на последните краци од фекална канализација а во исто време ќе започнат и активностите за асфалтирање на главната улица. Го исполнив ветувањето од мојата програма. Граѓаните на Пиперево  ја очекуваа оваа улица, повеќе години.  Постојат политичари кои си стојат на зборот и го реализираат ветенот“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago