Радовиш

По повод Светскиот ден на првата помош, во СОУ „Коста Сусинов“ се одржа обука и практична работилница за учениците

Светски ден на првата помош 2025 – Да бидеме подготвени! апелира Црвен крст на Република Македонија ОО Радовиш.

По повод Светскиот ден на првата помош, денес (12.09.2025) во СОУ „Коста Сусинов“ се одржа обука и практична работилница со учениците од трета година, кои се здобија со важни вештини за справување со итни состојби предизвикани од климатските промени.

„Бури, топлотни бранови, пожари… климатските катастрофи доаѓаат без најава, но ние можеме да се подготвиме. Првата помош значи брза реакција, заштита и спасување животи пред да пристигне службата за итна помош.

Денес, 1,47 милијарди луѓе се изложени на поплави, а топлотните бранови ја зголемија смртноста кај повозрасните за 167% во последните 30 години. Овие бројки потсетуваат дека знаењето прва помош е неопходност – за нас, за нашите семејства и за нашите заедници.

Замислете ако секое училиште, секоја компанија и секој дом има барем едно обучено лице по прва помош. Визијата 2030 на Црвениот крст и Црвената полумесечина е токму тоа: свет во кој секој може да помогне и да спаси живот“, велат од Црвен крст, Радовиш.

Сите имаме улога! Учењето прва помош е инвестиција во побезбеден, поотпорен и пообединет свет.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago