Радовиш

Лишен од слобода возач во Радовиш, управувал возило 2,71 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

На 13.09.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.И.(55) од с.Ињево, радовишко.

Имено како што дознаваме од СВР Струмица, ОВР Радовиш, во саботата во 13:45 часот на бул. „Александар Македонски“ во Радовиш, 55- годишниот жител на село Ињево, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа во која се здобил со повреди.

При преземање мерки и вршење увид, односно по извршено алкотестирање утврдено e дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,71 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против Т.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago