Регион

Тројца загинати работници во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Тројца починати работници и двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, каде утринава од мостот на Балталиска Река, во близина на штипското село Лакавица, излета комбе во кое се превезувале работници.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом, Штип,  Горан Андонов за МИА вели дека медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица, третиот работник е реанимиран, но подлегнал на повредите.

Според првичните информации станува збор за странски работници од Бангладеш. Загинатите патници во утринската сообраќајна несреќа кај Балталиска река на патот Штип – Радовиш се работници на Страбаг кои биле превезувани на работа.

На местото на несреќата како што данзаваме од Здравствен Дом Радовиш, пристигнала и екипа на Итната медицинска помош од Радовиш, за да укаже првична помош, но поради сериозноста на повредите, повредените ги презела екипа од Штип и ги транспортирала на клинички центар.

(Фото МИА)

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago