Свет

Слободата на медиумите под притисок: Европските организации алармираат

На Економскиот форум во Карпач, Полска, шест водечки организации издадоа заедничка изјава со повик за итна акција за одбрана на медиумската слобода и спротивставување на дезинформациите во Европа. Изјавата, со наслов „На раскрсница: Одбраната на медиумските слободи започнува во Источна Европа“, предупредува на растечките закани од популистички движења, руската хибридна војна и нерегулираните дигитални платформи.

Изјавата беше презентирана на 3 септември за време на снимањето на специјален подкаст и е заеднички поддржана од: Медија дијалог, Германска унија на новинари, Нов европски форум на народите, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Вестминстерска алијанса за Украина и ЦИВИЛ – Центар за слобода. На панелот учествуваше и Првиот секретар на Националното здружение на новинарите на Украина (NUJU), со витални информации од земјата која е во самиот центар на руската агресија.

Клучни предизвици

  • Слободата на медиумите под притисок: Популистичките сили низ Европа го поткопуваат новинарството со ограничување на правата, зголемен притисок врз новинарите и ускратување на поддршка за независните медиуми во дигиталната ера.
  • Руска хибридна војна: Без силно и независно новинарство, граѓанките и граѓаните остануваат ранливи на дезинформации и пропагандни кампањи, особено од Русија и други авторитарни актери.
  • Алармантни трендови во Источна Европа: Изјавата ги потенцира претстојните избори во Чешка во октомври, предупредувајќи на состојбите со Унгарија и Словачка, каде популистичките влади веќе ја ограничуваат медиумската слобода и граѓанските права.

Повик за акција

Потписниците ги повикуваат европските влади, парламенти, Европскиот парламент и Европската комисија да:

  • одолеат на популистичкиот притисок и заплашувања;
  • ги зајакнат медиумските слободи низ Европа;
  • ја надградат ЕМФА и анти-SLAPP регулативата со долгорочна поддршка за независното новинарство;
  • преземат конкретни чекори за воспоставување функционален европски медиумски пазар со платформи и дигитален суверенитет.

Визија за европските медиуми

Изјавата нагласува дека одбраната на медиумската слобода сама по себе не е доволна. Европа мора да создаде независна дигитална инфраструктура – пребарувачи, социјални мрежи и алатки – независни од влијанието на технолошките гиганти од САД, Комунистичката партија на Кина и од Кремљ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago