Македонија

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава за градоначалник и претседавач на општински совет за злоупотреба на службена положба

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава за градоначалник и претседавач на општински совет за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Имено како што е наведено во соопштението, ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци вчера (04.09.) поднесе кривична пријава против С.Н.(28), градоначалник на општината Росоман и Р.Ј. (61), претседател на Совет на општината Росоман, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “ согласно член 353 ст.1 од КЗ на РСМ. На седница на Совет на општината, одржана на 28.02. годинава било утврдено дека Програма за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, којашто била изгласана на седница на општинскиот совет на 30.01.2023 година со 39 точки, и без потпис на претседателот на Советот на општината, била изменета односно била допишана уште една точка 40 – та по ред и истата била потпишана од страна на претседателот на Совет на општина Росоман.

Практично со тоа двајцата пријавени овозможиле преку спорната 40-та точка Урбанистички проект за производство на асфалт за катастерска општина „Манастирец“, да биде впишана во Програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, без одобрение и гласање од страна на Советниците на општина Росоман.

Исто така ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе уште една кривична пријава против С.Н.(28) од Росоман и тоа поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење “ (чл.244-а ст.1 од КЗ на РСМ). Пријавениот во својство на градоначалник на Општина Росоман, дозволил без Решение за реконструкција, односно Одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти спротивно на одредбите од Законот за градење и без Основен проект – фаза градежништво – да се отпочне со реконструкција, поточно промена на сообраќајниот режим на влез во Росоман без соодветна документација.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago