Радовиш

Срдечно беа пречекани првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, Радовиш, кои за прв пат седнаа во училишните клупи

Стартува новата учебна година 2025/2026 во сите основни и во средните ушилишта во државата на денешниот сончев септемвриски ден. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки. Во Општина Радовиш за прв пат го започнаа образовниот процес околу 186 првчиња.

Радосни но истовремено и со страв во очите, првачињата за прв пат зачекорија во училишните простории и седнаа во училишните клупи. Плашејќи се од непознатото, од новите другарчиња, од наставниците, тие си поставуваа безброј прашања во главата на кои во наредните денови сигурно ќе си најдат одговор, и со задовоство ќе одат на училиште носејќи ги тешките ранци. 

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, Општина Радовиш, срдечно добредојде им беше посакано на 4 првачиња кои со голема радост беа дочекани и од вработените и од другите ученици во училиштето.

За жал иселувањето си го направи своето и бројот на ученици од година во година се намалува во сите училишта во државата но најмногу тоа се чувствува во училиштата во руралните средини.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago