Македонија

28 Август – Ден на рударите на Македонија Голема Богородица-заштитничка на рударите

Со достоинство и благодарност, на 28 август во рудниците Бучим и Боров Дол беше одбележан Денот на рударите на Македонија, кој се совпаѓа со големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на рударите.

Во кругот на рудниците, беше организиран свечен коктел со присуство на Премиерот на Владата Христијан Мицкоски, негови соработници, претставници на локалната самоуправа, како и бројни гости и вработени. Настанот беше исполнет со благодарност, признанија и заедништво, во чест на трудот и посветеноста на македонските рудари.

Овој ден е симбол на трудот, пожртвуваноста и посветеноста на македонските рудари, кои секојдневно придонесуваат за развојот на индустријата и економијата. Воедно, празникот Голема Богородица носи духовна сила и заштита за сите што работат во рударството.

Со заедничка молитва, благодарност и почит, го прославивме овој значаен ден, обединети во верба, традиција и иднина.

Вечерта, градот Радовиш пулсираше во ритамот на музиката – на паркинг „Орел“ се одржа голем концерт со настапи на два регионални музички гиганти: Нокаут и Дивље јагоде. Македонскиот поп-рок бенд Нокаут ја отвори вечерта со своите емотивни балади и енергични хитови, додека легендарните Дивље јагоде ја запалија сцената со моќни рифови и безвременски рок класици.

Концертот беше бесплатен и отворен за сите граѓани, создавајќи незаборавна атмосфера на заедништво, радост и музичка магија. Радовиш уште еднаш покажа дека знае да слави – со срце, со музика и со почит кон луѓето кои го движат индустрискиот мотор на земјата. Овозможено од рудниците БУЧИМ и БОРОВ ДОЛ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago