Радовиш

ЈП Плаваја: Со вода за пиење наводнувал 3–4 декари тутун со распрскувачи

ЈП Плаваја, Радовиш откри уште едно несовесно трошење на водата за пиење за земјоделски потреби, овој пат за наводнување на тутун.

„Додека со сите сили се трудиме да обезбедиме редовно водоснабдување за сите граѓани, а особено за жителите на високите зони, денес нашите вработени открија корисник кој со вода за пиење наводнувал 3–4 декари тутун со распрскувачи.

Истиот корисник претходно лажно изјавувал дека поседува бушотина, но на лице место беше утврдено дека наводнувањето се врши директно од водоводниот систем. Се работи за највисокиот дел на градот, помеѓу улиците „В.С. Бато“ и „Калузлиска“.

При контролата беше регистрирана потрошувачка од 60 m³ вода повеќе од последното читање, исклучиво потрошени за наводнување. Да, корисникот има бушотина, но таа е надвор од функција.

Против лицето се преземени сите неопходни дејства, а истиот ќе биде санкциониран и исклучен од водоснабдителниот систем“, известуваат од ЈП ПЛаваја од каде додаваат.

„Апелираме до сите наши сограѓани да не ја злоупотребуваат водата за пиење за наводнување или други цели кои не се дозволени.

Со секоја ваква злоупотреба, се намалува можноста вашите соседи и сограѓани да имаат вода во своите домови.

Водата е заедничко добро и мораме сите совесно да се однесуваме.

Продолжете да ги пријавувате сите сомнителни соседи или секој што ја злоупотребува водата трошејќи ја во енормни количини“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago