Свет

Зеленски го одби мировниот план на Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно го отфрли предлогот на рускиот лидер Владимир Путин Украина да се повлече од Донецк и Луганск како дел од мировниот план поддржан од Доналд Трамп, јавува Ројтерс. Зеленски нагласи дека таква опција едноставно не е прифатлива.

По средбата на Трамп со Путин во Алјаска, американскиот претседател разговараше со Зеленски повеќе од час и половина, со присуство на лидери од НАТО и европските земји. Според информации од извор запознаен со разговорот, Трамп му пренел на Зеленски дека Путин е подготвен да го запре бојното дејство на други фронтови ако Украина се повлече од истокот на земјата. Зеленски тоа одби, потенцирајќи дека нема повлекување од Донбас.

Трамп и Зеленски се очекува да се сретнат во понеделник во Белата куќа, а поканети се и европски лидери, иако сè уште не е познато кој од нив ќе присуствува.

Таквиот план е спротивен и на предупредувањата од европските лидери дека секој мировен договор мора да го почитува територијалниот интегритет на Украина и принципот дека меѓународните граници не можат да се менуваат со сила. Предлогот би барал и одобрение од украинскиот парламент.

Извор: https://prv.mk/svet/a20f9a31-ce2d-44d5-aa52-6af32fc72490-1

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago