Радовиш
Рудник „Бучим“ партнер на заедницата во кризни моменти, како што беше пожарот на планината Готен
Објавено на
Од
Media Press
Во најкритичните денови од огнената стихија што ја зафати планината Готен и околината на Радовиш, рудникот „Бучим“ и „Боров Дол“ застанаа цврсто зад локалната заедница – не со зборови, туку со конкретна акција на терен. Мобилизирани беа машини, гориво, оброци, логистика и – најважно од сè – луѓе, кои без двоумење одговорија на повикот за помош, велат од менаџерскиот тим на рудникот Бучим.

„Рудникот активно се вклучи во координираните активности за спречување на ширењето на пожарите, кои сериозно се закануваа на населените места. Интервенциите беа реализирани во целосна соработка и под координација на надлежните институции – Противпожарната единица, Центарот за управување со кризи и локалната самоуправа. Две рударски машини – цистерна и булдожер – беа ангажирани на најкритичните локации. Во координација со Црвен крст Радовиш, беа обезбедени пакети со вода, електролити и храна, кои беа дистрибуирани до пожарникарите, припадниците на Армијата, полицијата и другите теренски служби и волонтери. Вкупно беа доставени 950 оброци во текот на трите најинтензивни денови од борбата со пожарот. Дополнително, на Општина Радовиш ѝ беше донирано гориво во вредност од 5.000 евра за потребите на механизацијата на терен.
Цистерната беше транспортирана на 27 јули од рудникот до селото Подареш. Во следните четири дена, машината служеше како мобилен пункт за полнење на возила со вода, клучен ресурс за гаснење на пожарите. Постојано дежурната екипа од осуммина вработени од „Бучим“ се грижеше за нејзиното непречено и безбедно функционирање. Истовремено, булдожерот беше активиран на теренот кај селото Јаргулица, каде започна изградбата на заштитен противпожарен појас со ширина од 12 до 17 метри. Во првите два дена, расчистен беше појас со вкупна должина од над 7,5 километри – од селото Јаргулица до Покрајчево, а потоа и до постоечките линии над селото Злеово, блиску до браната. Овие интервенции беа од суштинско значење за прекинување на огнот и заштита на поширокиот регион.

Сите активности беа спроведени под надзор и логистичка координација од страна на искусни членови на тимот – раководители, оператори и возачи – сите вработени во „Бучим“.
„Во вакви моменти се гледа вистинската сила на заедницата. Нашите вработени покажаа висока одговорност, храброст и професионалност во момент кога беше најпотребно. Поддршката што ја обезбедивме не беше само техничка – тоа беше искрено вложување во безбедноста на заедницата“, Кристина Крстева, директор за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров дол
Со оваа интервенција, Бучим уште еднаш покажа дека е повеќе од индустриски капацитет – тој е партнер на заедницата, подготвен да помогне кога е најпотребно. Помошта не беше обврска. Беше должност – човечка и морална. Рудникот уште еднаш потврди дека стои цврсто зад заедницата – со ресурси, луѓе и солидарност“, стои во објавата од рудникот Бучим.

Поврзани содржини
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



