Македонија

Почина оперската примадона родена во Радовиш, Милка Ефтимова

Утрово во Скопје на 89-годишна возраст почина Милка Ефтимова, оперска примадона родена во Радовиш, која настапувала во повеќе од 20 земји во светот.

Исклучителен мецосопран, наша истакната оперска дива со извонредна меѓународна кариера, првенката на Македонската опера и успешен вокален педагог на генерации пејачи од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Милка Ефтимова е родена на 26 февруари 1936 година во Радовиш.

Завршила средно музичко училиште во Штип, музичка академија во Љубљана, и предавала на Факултетот за музичка уметност и во средното музичко училиште во Скопје. Во 1961 за првпат застанала на сцената на оперскиот театар. Првата улога ѝ била Ацучена во Вердиевиот „Трубадур“, а од оперската сцена јубилејно се простила со улогата на Кармен во 1991 година. Таа ѝ била 157. претстава.

Отпеала четириесет оперски улоги, многубројни партии во ораторијални дела, кантати, многу соло песни. Уметница, која повеќе од 1.200 пати застанала на оперската и на концертна сцена, во дваесетина земји на светот.

Ефтимова последните години од животот ги помина во дом на стари лица во Скопје. Погребот на Ефтимова ќе биде на 16 август во нејзиниот роден град Радовиш.

Во ОНБ Браќа Миладиновци во Радовиш има поставено музејско катче каде има изложено дел од гардеробата и накитот на Милка со кои настапувала.  

Животен пат за Милка Ефтимова

Во Скопје го завршува средното музичко училиште, а дипломира во 1960 година кај еминентниот професор Јулиј Бетето на Љубљанската академија за музика. Во 1966 година заминала на специјализација како стипендист на Владата на Република Македонија во Санта Чичилија во Рим, Италија. Италијанска влада и доделила двомесечна стипендија за престој во Сиена, на Академијата Киџијана каде што продолжила да работи концертно пеење. Пред тоа, во мај 1961. година, како член и солист на хорот на Словенечката филхармонија настапила во Виена под диригентската палка на големиот Ловро фон Матачиќ, изведувајќи повеќе солистички делници.

Матачиќ самоиницијативно работел со Ефтимова врз партитурата на Кармен, толкувајќи низа музички и психолошки детали за овој лик и непосредно по концертот во Виена тој и понудил и ангажман во операта „Кармен“ во Франкфурт, со убедување дека за кусо време и претстои блескава кариера.

Но, Ефтимова, како стипендист на Скопската опера, со чуство на одговорност и на инсистирање на големите Тодор Скалоски и Петре Богданов – Кочко, есента во 1961 година станува солист на операта при Македонскиот народен театар во Скопје. После неколкуте години во главниот град, заминува во Љубљанската опера каде работи во периодот од 1967 до 1978 година и остварува 17 премиерни улоги, а потоа повторно доаѓа во македонската оперска куќа каде е носител на многу ролји (заедно со останатите, вкупно 45 главни и споредни улоги во оперскиот репертоар) и тука останува се до 1991 година.

Во 1983 година ја започнува и својата педагошка работа на Факултетот за музичка уметност во Скопје кадешто останува до пензионирањето. Милка Ефтимова е добитник на бројни домашни и меѓународни награди и почести.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago