Македонија

(ВИДЕО) Засекогаш ќе остане запаметен по неговите зборови: „Пред сè, треба да бидеме луѓе“

Вечното почивалиште на Душко Чифлиганец, младиот визионер, спортист, бизнисмен и пред се чесен човек со големо срце, е во духовниот храм Св. Јован Крстител во Аеродром, Скопје, изграден од семејството.

На само 32 години Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен, сопственик на градежната компанија Адора, со потекло од Радовиш проф. Д-р Ванчо Чифлиганец го напушти овоземниот свет и засекогаш се всели во небесниот.

Смртта на Душко Чифлиганец на толку млада возраст длабоко ги трогна многумина во Македонија и пошироко. Неговото прерано заминување остави празнина во срцата на семејството, пријателите и заедницата. Познат по својот визионерски дух и претприемачки достигнувања, Душко беше истакната личност чиј живот и наследство продолжуваат да инспирираат.

Семјството, роднините пријателите и цела Македонија вчера се простија од Душко и го испратија до неговото вечно почивалиште во дворот на црквата Свети Јован Крстител, во скпската општина Аеродром , токму храмот  изграден под ктиторство на семејството Чифлиганец.

Посмртните останки на Душко беа изложени во 14:00 часот, а опелото го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во присуство на свештеници од Скопската епархија, неговото најблиско семејство, пријатели, деловни соработници и бројни граѓани кои дојдоа да му оддадат последна почит.

Илјадници граѓани, негови блиски, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од  Македонија, од држави од целиот свет и од други континети,  со тага и болка се простија од младиот визионери и бизнисмени – Душко Чифлиганец, кој на само 32 години трагично го загуби животот во спортска несреќа во Чешка.

Со потресни зборови се простија неговите родители, другари и колеги од работа.

Роден во 1993 година, Душко беше дипломиран економист на Американ Университy ин Дубаи. Својата кариера ја започна со компанија за здрава исхрана, а подоцна стана движечка сила зад проектите на „Адора“, предводејќи експанзија на групацијата во енергетиката, хотелиерството, инвестицискиот сектор и меѓународните пазари.

Во 2024 година го започна и својот прв проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување на Балканот и во Европа.

Душко не беше само успешен бизнисмен – тој беше човек со големо срце. Преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање на детска градинка во Златибор. Вистински филантроп, кој веруваше дека успехот нема смисла ако не се сподели со заедницата.

Како страстен спортист, Душко освои бројни трофеи во мото спортот, вклучувајќи и европска титула. Македонија беше горда на неговите достигнувања и репрезентација на меѓународната сцена. Несреќата која му го одзеде животот се случи токму на трка – местото кое го сакаше од срце.

Неговата смрт ја потресе бизнис заедницата, спортските кругови, но и илјадници млади кои го следеа неговиот пат и го гледаа како пример за успех, хуманост и живот со визија.

Засекогаш ќе остане запаметен по неговите зборови

„Пред сè, треба да бидеме луѓе“. 

Во последните зборови кои Душко ги кажал на неговиот последен роденден се вели:

„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа што било, и секое утро за тоа што ќе биде. Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса за љубов, среќа и животот што го посакуваме. Добрата мисла, мирниот ум и спокојот нека Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив. Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро. Амин.”

Душко Чифлиганец, заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, почина на 3 август 2025 година по пад со мотор на трка во Брно, Чешка. И покрај брзата интервенција и транспортирањето со хеликоптер во најблискиот медицински центар, Душко им подлегна на повредите наредниот ден.

Почивај во мир Душко Чифлиганец. Твојата светлина ќе продолжи да гори преку сите проекти, дела и сеќавања кои ги остави зад себе.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago