Македонија
(ВИДЕО) Засекогаш ќе остане запаметен по неговите зборови: „Пред сè, треба да бидеме луѓе“
Објавено на
Од
Media PressВечното почивалиште на Душко Чифлиганец, младиот визионер, спортист, бизнисмен и пред се чесен човек со големо срце, е во духовниот храм Св. Јован Крстител во Аеродром, Скопје, изграден од семејството.
На само 32 години Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен, сопственик на градежната компанија Адора, со потекло од Радовиш проф. Д-р Ванчо Чифлиганец го напушти овоземниот свет и засекогаш се всели во небесниот.

Смртта на Душко Чифлиганец на толку млада возраст длабоко ги трогна многумина во Македонија и пошироко. Неговото прерано заминување остави празнина во срцата на семејството, пријателите и заедницата. Познат по својот визионерски дух и претприемачки достигнувања, Душко беше истакната личност чиј живот и наследство продолжуваат да инспирираат.

Семјството, роднините пријателите и цела Македонија вчера се простија од Душко и го испратија до неговото вечно почивалиште во дворот на црквата Свети Јован Крстител, во скпската општина Аеродром , токму храмот изграден под ктиторство на семејството Чифлиганец.



Посмртните останки на Душко беа изложени во 14:00 часот, а опелото го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во присуство на свештеници од Скопската епархија, неговото најблиско семејство, пријатели, деловни соработници и бројни граѓани кои дојдоа да му оддадат последна почит.


Илјадници граѓани, негови блиски, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија, од држави од целиот свет и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионери и бизнисмени – Душко Чифлиганец, кој на само 32 години трагично го загуби животот во спортска несреќа во Чешка.


Со потресни зборови се простија неговите родители, другари и колеги од работа.
Роден во 1993 година, Душко беше дипломиран економист на Американ Университy ин Дубаи. Својата кариера ја започна со компанија за здрава исхрана, а подоцна стана движечка сила зад проектите на „Адора“, предводејќи експанзија на групацијата во енергетиката, хотелиерството, инвестицискиот сектор и меѓународните пазари.
Во 2024 година го започна и својот прв проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување на Балканот и во Европа.

Душко не беше само успешен бизнисмен – тој беше човек со големо срце. Преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање на детска градинка во Златибор. Вистински филантроп, кој веруваше дека успехот нема смисла ако не се сподели со заедницата.

Како страстен спортист, Душко освои бројни трофеи во мото спортот, вклучувајќи и европска титула. Македонија беше горда на неговите достигнувања и репрезентација на меѓународната сцена. Несреќата која му го одзеде животот се случи токму на трка – местото кое го сакаше од срце.
Неговата смрт ја потресе бизнис заедницата, спортските кругови, но и илјадници млади кои го следеа неговиот пат и го гледаа како пример за успех, хуманост и живот со визија.

Засекогаш ќе остане запаметен по неговите зборови
„Пред сè, треба да бидеме луѓе“.
Во последните зборови кои Душко ги кажал на неговиот последен роденден се вели:
„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа што било, и секое утро за тоа што ќе биде. Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса за љубов, среќа и животот што го посакуваме. Добрата мисла, мирниот ум и спокојот нека Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив. Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро. Амин.”

Душко Чифлиганец, заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, почина на 3 август 2025 година по пад со мотор на трка во Брно, Чешка. И покрај брзата интервенција и транспортирањето со хеликоптер во најблискиот медицински центар, Душко им подлегна на повредите наредниот ден.

Почивај во мир Душко Чифлиганец. Твојата светлина ќе продолжи да гори преку сите проекти, дела и сеќавања кои ги остави зад себе.


Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!












