Connect with us

Василево

Општина Василево обезбеди средства за партерно уредување на училишниот двор во с. Ангелци

Media Press

Објавено на

Дворот на ПУ „Гоце Делчев“, во с. Ангелци набрзо ќе почне да го менува својот лик. Општина Василево обезбеди средства за негово партерно уредување, кое опфаќа: оградување на училишниот двор, изградба на пешачка патека и паркинг простор, детско игралиште со реквизити за игра и забава на децата, урбана опрема односно клупи за седење и канти за отпадоци, како и уредување на зелени површини  со трева и разновидни садници.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ги деталите за  овој најнов проект на општина Василево, меѓу другото нагласи дека децата се иднината на секое општество и заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и развој.

 „Училишниот двор во Ангелци за жал изминатите години беше целосно запуштен и несоодветно уреден. Обезбедивме средства, преку Министерството за транспорт и врски, за негово целосно уредување. По завршувањето на постапката за избор на изведувач , ќе се започне со реализација на овој проект. Уредувањето на училишниот двор опфаќа: Изградба на детско игралиште со нови модерни содржини; Опрема за вежбање и рекреирање; Нови зелени површини; Нова урбана опрема(клупи и корпи за отпадоци); Изградба на ограден ѕид; Поставување на метална ограда; Изградба на пристапни патеки. Децата се иднината на секое општество. Тие заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и развој“, Стои во објавата на градоначалникот Андонов.


Вкупниот Буџет за реазлизација на сите планирани активности според предмер пресметката изнесува  4 353 893  денари од кои 2 440 000 денари се обезбедени преку Министерството за транспорт со заемот  од Светска банка и 1 913 893 од Буџетот на општина Василево за што Советот на општина Василево навреме има донесено одлука.
Проектот е аплициран и средствата се обезбедени во рамки на проектната активност
за унапредување на локалните услови и услуги во подрачја предложени од страна на заедницата/е која е предвидена во рамки на (ППЛП) Проектот за поврзување на локални патишта.
Активностите на терен ќе започнат по завршувањето на постапката за јавна набавка и избор на изведувач.

Василево

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Media Press

Published

на

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со  пригодна свеченост го означија официјалното отвaрање на клубот за дневен престој на пензионерите.

„Грижата за нашите пензионери е наша обврска. Општина Василево за првпат обезбеди просторија наменета за пензионерски клуб, сместен во Домот на културата во Василево. Нашите пензионери, нашите дедовци и татковци, заслужуваат пристојни услови за секојдневно дружење, разговор и меѓусебна дружба. Ова е мал, но значаен чекор со кој покажуваме дека ги почитуваме оние кои со својот труд и посветеност ги поставија темелите на нашето општество“, стои во информацијата споделена на социјалните медиуми.

Клубот е лоциран на приземјето на Доmот на културата во Василево, во поранешните простории на ЈПКД „Турија# Василево. Општина Василево во изминатиот период изврши комплетно реновирање и адаптација на просторот кое опфаќаше малтерисување и боење на ѕидовите, поставување на нов под, нови плочки и санитарни елементи, врати и прозорци и нови светлосни тела.

Буџетот за сите планирани и реалзирани активности, согласно Договорот за јавна набавка со компанијата изведувач на работите изнесува 1 015 612 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на проходи.

Со Одлука на Совет просториите се дадени на користење на Здружението на пензионери на Струмица, како би можело овој пензионерски клуб непречено да функционира, односно да биде во функција на потребите на пензионерите.

Прочитај повеќе

Василево

Граѓаните на Ангелци на средба со Градоначалникот на Општина Василево, за креирање на Буџетот за 2027

Media Press

Published

на

Синоќа, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше во населеното место Ангелци, каде заедно со месното население разговараше за планираните активности, потреби и проекти кои како дел од Буџетот за наредната година би биле реализирани во ова населено место.

 Едно од приоритетните прашања, за кои граѓаните бараат решавање е дислокација на дивата депонија како и доизградба на преостанатите краци од системот за фекална канализација, со што сите домаќинства би добиле можност за приклучување.

„Буџетот го креираме заедно со граѓаните на Ангелци! Одржавме средба со жителите на Ангелци, на која разговаравме за нивните потреби и приоритети за претстојниот буџет на Општина Василево. Клучни проекти за Ангелци се:

-Целосно дислоцирање на дивата депонија

-Продолжување со асфалтирање на улиците, со цел сите да бидат асфалтирани до крајот на мандатот,

– Оградување на училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“

-Изградба на преостанатите краци од фекалната канализација.

 Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат во креирањето на буџетот, да ги споделат своите предлози и идеи и да помогнат во утврдувањето на приоритетите за нивните населени места. Заедно ги планираме проектите и ја градиме иднината на Општина Василево“, порачува градоначалникот Андонов од синоќешната средба со жителите на населеното место Ангелци. На средбата присуствуваа и Даниел Иванов – директор на ЈПКД „Турија“, Василево и Томе Спасов, директор на АД Водостопанство, подружница Струмица.

Прочитај повеќе

Василево

Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, синоќа во населеното место Радичево, одржа отворена граѓанска средба за креирање на Буџетот за 2027 година.

Граѓаните во непосредна дискусија имаа можност да ги кажат потребите за населеното место, да дават предлози, да разговараат околу приоритетите но и можностите,, се во насока на подобрување на условите во кои се одвива нивното секојдневие.

„Буџетот го креираме заедно со граѓаните! Бевме во Радичево, каде што отворено разговаравме со жителите за нивните потреби, предлози и приоритети за наредниот период.

Радичево е населено место каде што дадениот збор се претвора во реализирани проекти! Во Радичево го реализиравме нашиот најголем капитален проект – изградбата на фекалната канализација, со што покажавме дека ветувањата се исполнуваат со конкретни дела. Тоа е нашата обврска и принцип на работа. Врз основа на реалните потреби на граѓаните, ќе ги креираме и идните приоритети, со јасна цел – ветеното да го реализираме и во наредниот период! Ветеното го реализираме. Продолжуваме посветено, заедно со граѓаните!“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.

На средбата присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“, Даниел Иванов, директорот на АД „Водостопанство“, подружница Струмица, Томе Спасов како и дел од вработените во општинската администрација.

Прочитај повеќе