Connect with us

Радовиш

Исплата на концесиски надоместоци за 2025 година од рудниците Бучим и Боров Дол кон општините Радовиш, Конче и Штип

Media Press

Објавено на

Рудниците Бучим и Боров Дол кон општините Радовиш, Конче и Штип ќе распределат вкупно 181.754.332 денари, концесиски надомест за 2025 год. Најголем дел од овој финансиски колач ќе добие Општина Конче, потоа Штип и на крајот Општина Радовиш, за околу 32 милиони денари помалку од Општина Конче.

Имено како што информираат од рудниците, Друштвата за производство и трговија со минерални суровини ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш, во согласност со своите концесиски договори и измените во Законот за минерални суровини, доследно ја спроведуваат законската обврска за навремена, транспарентна и отчетна исплата на концесиски надоместоци кон засегнатите општини.

Исплатите се реализираат врз основа на Одлуката за распределба на концесискиот надоместок за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 94/2025 од 12 мај 2025 година), а пресметките се вршат согласно Тарифникот за пресметка на концесиски надоместоци.

Вкупниот планиран износ за 2025 година кој ќе биде распределен кон општините Радовиш, Конче и Штип изнесува 181.754.332 денари, што претставува значителен финансиски придонес за буџетите на овие локални самоуправи.

Исплата по општини:

Општина Конче

76.128.839 денари – концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини

809.607 денари – надомест за користење простор
Вкупно: 76.938.446 денари

Општина Штип

59.720.528 денари – концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини

544.604 денари – надомест за користење простор
Вкупно: 60.265.132 денари

Општина Радовиш

41.556.529 денари – концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини (Бучим и Боров Дол)

2.994.225 денари – надомест за користење простор (Бучим и Боров Дол)
Вкупно: 44.550.754 денари

„Преку овие исплати, Бучим и Боров Дол обезбедуваат директен придонес во локалниот економски и инфраструктурен развој, со што активно го поддржуваат финансирањето на општински проекти и подобрување на животниот стандард во регионот. Овие средства претставуваат директна поддршка за финансирање на инфраструктурни, еколошки и општествени проекти во локалните заедници, а со тоа и долгорочна вредност.

Согласно член 76 од Законот за минерални суровини, концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини се распределува помеѓу државата и општините на чии територии се врши експлоатацијата, во размер утврден со Одлука на Влада. Со измените на Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини од 2024  година,  двојно (од 2% на 4% од пазарната вредност на бакар -метал по тон во секој тон произведен бакарен концентрат, односно од 2% на 4% од пазарната вредност на злато – метал по тон во секој тон произведен од кој било концентрат од страна на концесионерот) се зголеми уделот кој им се распределува на општините, овозможувајќи им поголеми буџетски приходи од рударската дејност.

Како општествено одговорни компании, рудниците Бучим и Боров Дол остануваат доследни на својата заложба за одговорно управување со природните ресурси и за градење стабилни и долгорочни партнерства со локалните заедници. Исплатата на концесиски надоместоци е само еден сегмент од пошироката стратегија за одржлив развој, кој опфаќа економски, општествени и еколошки аспекти“, велат од рудниците Бучим и Боров Дол.

Радовиш

Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш

Media Press

Published

на

Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.

На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од  употребата на индустриски градежни материјали  при  реставрација и реконструкција   на спомениците на култура. 

Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан. 

Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства  меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување  и афирмација на традиционалните градителски системи. 

ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“

Media Press

Published

на

Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе  обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство. 

Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.

На трибината се очекува учество на  имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот  македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.

Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.

Традицијата и културното наследство како темел и иднина. 

Учесници 

– арх. Никола Кипровски – Белгија 

Архитектура и некои природни материјали 

– проф, др. Минас Бакалчев 

Хроника на една школа:

Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017 

– проф. др. Донка Барџиева Трајковска 

Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви 

– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка  ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.

Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.

 Наставен тим:    проф. Виолета Бакалчев,

                               доц.  Бранислава Ѓорѓевиќ

                               доц.  Нина Карангелеска.

– арх. Викторија Митева

Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет

– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович 

–  СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР  – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје 

    арх. Ивана Цимешиќ

 –  Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра. 

–   маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ  Македонија 

    Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф. 

ПРАКТИЧНА НАСТАВА 

– Васила Трајковски – зограф и конзерватор  – средновековни градителски системи 

– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија –  сводови, куполи и арки 

 – Дејан Спасович скулптор и градител  – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен 

Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев 

Прочитај повеќе

Радовиш

Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија

Media Press

Published

на

На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.

При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе