Општина Василево обезбеди машина за справување со пожарот на Готен
Општина Василево обезбеди машина за справување со пожарот на Готен, информира градоначалникот Славе Андонов на социјалните мрежи.
„Обезбедена механизација, која ќе помогне во ставањето под контрола на пожарот на Готен“, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, за практичната вклучност на општината во активностите за гаснење на повеќедневниот пожар на Готен. Изразувајќи благодарност до Заменик генералниот директор на „Македонски шуми“, Кире Михаилов, за огромната ангажираност во справувањето со овој пожар, градоначалникот Андонов, нагласи дека битката за Готен продолжува со огромна вклученост на различна механизација и луѓе кои максимално се вложуваат да го стават под контрола овој голем пожар.
„Битката на готен продолжува. Се бориме со стихии на Готен комбинирано од земја и воздух. Обезбедена е механизација со цел да се помогне, во ефикасно справување со пожарот. Страната на Василево над брана Турија ја бранат: вработени од ЈП „Македонски Шуми”; пожарникари од ТППЕ Струмица; ловци/ Фазан Василево;шофер на пинцгауер од МВР. Покрај пинцгауерите кои се веќе неколку дена овде, има БТР-и и хермелини кои ќе помагаат во борбата со овие огромни огнени стихии. Заедно со локалците кои помагаат логистички, со огнените стихии на Готен се бори пешадија од преку 200 луѓе помогната од огромна бројка специјализирани возила, еден хеликоптер и двата ЕР Трактори“, стои во информацијата споделена преку социјалните медиуми.
-Благодарност до Кире Михаилов за огромната ангажираност, во справувањето со овој пожар“, стои во информацијата споделена од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.