Македонија

Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули 2025 година. Од тие причини Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита: 

• Престојувајте во разладени простории, особено од 11:00 до 17:00 часот.

• Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.

• Носете лесна и светла облека, користете заштита за глава и очи.

• Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови.

• Посветете внимание на деца, стари лица, хронично болни и бремени жени – тие се особено ранливи.

• При симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

• Одложете активности на отворено во критичниот дел од денот.

• Обезбедете разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.

Поради високите температури волонтери од Црвен крст, Радовиш, денеска излегоа на терен и поделија вода и флаери за превенција и заштита ,,КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago