Радовиш

ИТНО СВИКАН КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Поради сериозноста од ширење на пожарот на планината Готен кoj ja зафати веќе и територијата на Општина Радовиш и Берово синоќа итно беше свикан состанок на кризниот штаб на Општина Радовиш во поширок состав.

На состанокот беа договорени итните мерки кои ќе се преземат за понатамошниот тек на дејствијата за спречување на огнената стихија со цел координирана и брза реакција.

На состанокот присуствуваа претставници од надлежните институции од Општина Радовиш, заедно со Градоначалникот Ацо Ристов и заменик директорот на ЈП “Македонски Шуми” Кире Михаилов и директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Општина Радовиш ги презема сите мерки за заштита на граѓаните и упатува голема благодарност до сите учесници вклучени во гаснењето на пожарот, вели градоначалникот Ацо Ристов кој додадава дека сите расположиви сили се на терен и дека се во постојана координација и ја следат состојбата. Се работи за крајно недостапен терен и е исклучително тешко да се дојде до самата линија на пожарот која се мери со километри.

Се апелира до граѓаните да бидат исклучително одговорни и внимателни и веднаш да пријават индиции на намерно опожарување.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago