Connect with us

Македонија

Лишен од слобода 71-годишен маж, предизвикал пожари во демиркаписко, кривични пријави за две лица и од Струга и струшко поради предизвикување пожари

Media Press

Објавено на

На 22.07.2025 во 18 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари. Имено, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади. Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина. Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 20.04.2025 во негова нива во близина на регионалниот пат Струга- Калишта, тој запалил отпад, по што огнот се проширил на барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга. Исто така, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(59) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.07.2025 обработувајќи нива во атарот на истото село, тој предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви, засадени со житни култури, како и на блиската депонија.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе