Македонија
БИТКАТА НА ГОТЕН ПРОДОЛЖУВА, пожарот се прошири на три страни
Објавено на
Од
Media Press
Денеска се бориме со огнените стихии на Готен на три страни, информира заменик генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Кире Михаилов.
Според информацијата која што ја објави Михаилов пожарот се проширил од општина Василево кон Општините Радовиш и Берово.
„Страната на Берово ја брани пешадија од вкупно 113луѓе и тоа:
40 припадници на АРМ,
30 вработени во ЈП “Македонски Шуми”, 20 работници на фирмата “БИ ГРУП” Пехчево,
8 пожарникари од ТППЕ Берово;
8 пожарникари од ДПД Кочани;
4 пожарникари од ДПД Пехчево;
1 шофер на пинцгауер од МВР;
Со овие копнени сили имаме 5 специјални возила, 3 теренски, 2 камиони со по 4 тони вода, 1 комбе, 1 пинцгауер, 1 четирицкл, а работат и 1 булдожер, 2 трактори и 1 ЛКТ и неколку камиони на АРМ, едно санитетско возило и неколку цистерни со вода.
Страната на Радовиш, кракот кој тегне низ Мангрите кон Смиљанци го браниме со 30 луѓе, и тоа:
20 припадници на АРМ;
5 припадници на ТППЕ Радовиш;
4 припадници на ЈП “Македонски Шуми”;
1 шофер на пинцгауер од МВР;
Оваа екипа е со 2 специјализирани возила, неколку теренски и два камиони на АРМ.
Кракот над село Злеово, општина Радовиш го бранат 9 луѓе и тоа:
5 вработени во ЈП “Македонски Шуми”;
4 пожарникари од ТППЕ Радовиш;
Оваа екипа е со 1 специјализирано возило и едно теренско.
Страната на Василево над брана Турија ја бранат 34 луѓе и тоа:
12 вработени од ЈП “Македонски Шуми”;
3 пожарникари од ТППЕ Струмица;
18 ловци/ Фазан Василево;
1 шофер на пинцгауер од МВР;
Оваа екипа е со 3 специјализирани возила, џипови, пинцгауер и четирицикли и неколку крос мотори.
Од раните утрински часови помош на оваа пешадија од воздух на сите страни и дава хеликоптерот на МВР – BELL 412, а веднаш по неговото повлекување ќе почнат да делуваат двата ЕР Трактори на ДЗС.
Овде се работи за пожат кој 5 дена успевавме да го држиме во еден контролиран простор, но вчера, пожарот излезе од контролираните граници и сега ни се шири на два крака во беровска страна, два крака кон радовишка страна и сеуште е активен внатре во кругот каде дел сеуште е под контрола на пресеките.
Покрај ПИНЦГАУЕРИТЕ кои се веќе неколку дена овде, вечерва ќе стигнат и неколку БТР-и и ХЕРМЕЛИНИ кои ќе помогнат во борбата со овие огромни огнени стихии.
Заедно со локалците кои помагаат логистички, денеска со огнените стихии на Готен се бори пешадија од преку 200 луѓе помогната од огромна бројка специјализирани возила, еден хеликоптер и двата ЕР Трактори“, стои во информацијата споделена од Михаилов.

Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

