Македонија

СДСМ: Трипуновски не го почитува Законот за вино, свесно ги понижува и манипулира лозарите

Власта не ги почитува законите кога не им одат во прилог и повторно ги манипулира  лозарите. Вчера заврши законскиот рок во кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше обврзано, согласно член 21 од Законот за вино, најдоцна до 15 јули треба да ја објави производната цена на двете најзастапени сорти грозје – „вранец“ и „смедеревка“, реагираат од СДСМ. 

„Наместо транспарентно да се објават цените, со писмен акт достапен до целата јавност, министерот се одлучи за маркетиншки настап во друштво со неколку избрани лозари, каде што срамежливо беше објавена таканаречена „историска цена“. Ова не е ниту законски исправно, ниту чесно кон лозарите.

Цените кои Трипуновски сака да ги прикаже како историски највисоки се далеку од тоа. 

Според Законот за вино обврската на министерството е да објави производна цена а не историска цена. Минатата  година исто се објави историски највисока цена од 20,8 денари за вранец и 18,3 денари за Смедеравка. Оваа година Трипуновски како историска цена ја прикажува откупната цена од 21,3 денари за вранец и 18,9 денари за смедеревка. „Историската цена“ за вранецот е зголемена за 50 дени или пола денар, а додека кај смедеревката е зголемена за еден ипол денар –  толку од историските цени на Трипуновски..

Законот за вино предвидува во Член 21 Министерството за земјоделство најдоцна до 15ти јули објавува производна цена , што е директно кршење на членот 21 од Законот за вино. Досега ниту видовме производна цена, ниту пак како е дојдено до историската цена“ стои во реакцијата од СДСМ. 

-Затоа, го повикуваме министерот  Трипуновски јавно да ја објави производната цена и начинот како е дојдено до производната цена. Во интерес на јавноста, лозарите и откупувачите на грозје треба да се знае дека по објавување на производната цена се формира продажна цена а таа е зголемена за 25% од производната додааваат од опозициската СДСМ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago