Македонија

Левица: Лозарите добија понижување наместо откупна цена

„Грабеж, манипулации и кршење на законите – тоа денес го добија македонските лозари од државата. Министерот за земјоделство, Трипуновски, лично ги соопшти срамните и понижувачки откупни цени за винските сорти: 21 денар за килограм „вранец“ и 19 денари за „смедеревка“, реагира политичката партија Левица во врска со новите цени за откуп на грозјето.

„Ова не е фер пазарна цена, туку е навреда за илјадници семејства кои со децении живеат од лозарство и вложуваат труд, пари и живот во оваа гранка.

Каде е производната цена?

Кој ја утврдил методологијата?

Зошто Министерството го крши Законот за вино?

Според Законот, Министерството за земјоделство е должно јавно да ја објави производната цена на грозјето, методологијата и институцијата што ги утврдила овие цени. Тоа е законска обврска што важи и за министрите.

Државата не смее да продолжи да биде соучесник во монополското однесување на дел од винарниците кои прават огромни профити додека лозарите се туркани на работ на егзистенција“ стои во објавата на Левица.

Извор: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago