Струмица

Струмица одбележа 81- годишнина од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

На денешен ден 1944 година згасна животот на еден голем струмички и македонски родољуб, на еден голем човек кој со својот животен пат и идеолошки ангажмани избори високо место во нашата историја – народниот херој Благој Јанков Мучето. По тој повод со пригодна програма денеска пред неговата спомен биста во малиот градски парк беше одбележана 81-та годишнина од неговото убиство.

За неговиот живот и дело пред присутните зборуваше Ице Беличев, член на Советот на општина Струмица, кој меѓу другото рече: „Благој Јанков – Мучето, најсветлиот лик од струмичкиот времеплов, личноста која ја заслужува должната почит на секој оној кој ги љуби минатото, сегашноста и иднината на својот роден град, на секој оној кој искрено ја сака Струмица. Токму поради тoa повторно се собравме за да ја одбележиме 81-годишнината од денот на неговото загинување, но и да се потсетиме, кој беше Благој Јанков и за каква идеја се бореше и го положи својот живот. И до ден денес, но и за вечни времиња, останува да се каже дека Народниот херој Благој Јанков Мучето, беше, е, и ќе биде наша струмичка гордост. И затоа во мое, во Ваше име и во името на цела Струмица, бескрајно му благодарам за се што направи за овој град и за сите поранешни, сегашни и идни генерации струмичани“.

Свежо цвеќе пред бистата на Мучето положија членови на неговото семејство, претставници на општина Струмица, Општинската организација на Сојузот на борците од Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија од Струмица и граѓани поддржувачи, институции и политички партии, а стихови рецитираа членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago