Струмица

Седум вечери култура и три музика на Струмица Опен Фест 2025, ќе настапат познати музички имиња од македонската сцена

Од утре 15 јули па до 13 август ќе се одржи 14-то издание на традиционалната летна манифестација Струмица Опен Фестивал 2025 под мотото „Мозаик од емоции“.

На прес конференцијата којашто се одржа денеска беше претставена програмата која и ова лето ќе ја исполни Струмица со музика, уметност и култура за сите генерации.

Основач и организатор на фестивалот е Здружението Културен забавен Живот – КЗЖ, а се одржува под покровителство на општина Струмица и ќе понуди 10 различни фестивалски вечери.

„Првите седум вечери ќе бидат претставени како културни настани – фолклор, поезија, книжевни работилници, театарски претстави, афоризми, читања на отворено и ретроспектива на старите времиња, со што ќе се поттикне широка културна разноликост и интеркултурен дијалог.

Последните три фестивалски вечери ќе бидат главните музички вечери, со настапи на Летната школа за гитара под менторство на професор Васко Пиличев и многу други македонски уметници и групи како што се Битолски камерен оркестар со проектот MTV, Тамара Тодевска, Каролина Гочева и многу други. Сето ова е посветено на промоцијата на македонските уметници и култура.

Особено е важно да потенцираме дека на фестивалот ќе учествуваат само македонски изведувачи, со што ја нагласуваме важноста од афирмирање на домашната сцена и култура.

Оваа иницијатива е повеќе од фестивал – тоа е платформа за емоции, насмевки и културни наслади. Ги каниме сите да ни се придружат и да бидат дел од овој богат мозаик на емоции што го носи Струмица Опен Фестивал 2025“, рече на денешната прес конференција Елена Маѓеровска Паликарова заменик градоначалник и член на Советот на општина Струмица.

Традиционалната школа за гитара во рамките на СОФ од оваа година ќе го носи името на трагично загинатиот млад музичар во пожарот во Кочани, струмичанецот Џоко Ѓоргиев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago