Со камерен концерт на класична гитара на ДУО МИЛОНГА, Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш, ја започна КАРАМАНОВАТА ЛЕТНА СЦЕНА 2025
Со камерен концерт на дуо класична гитара во изведба на Дејан Лазаревски и Александра Кировска, кој се оддржа во пријатен амбиент во дворот на Центар за култура ,,Ацо Караманов” – Радовиш започна програмата на КАРАМАНОВАТА ЛЕТНА СЦЕНА 2025 чиј покровител е Градоначалникот на Општина Радовиш. Присутната публика околу еден час ужуваше во звуците на гитарата од младите изведувачи.
Инаку од презентираната Програма Центарот за култура Ацо
Караманов оваа лето во програмата на КАРАМАНОВА ЛЕТНА СЦЕНА 2025 ќе продуцира за љубителите на уметноста
повеќе од 30 настани опфаќајки ги сите дејности од областа на културата за сите
генерации.
Од музичко сценската дејност ќе бидат организирани повеќе
концерти во различни музички правци.
Од драмската
дејност на публиката ќе се понуди гостувања на професионални театарски ансамбли
и СТЕНД АП претстави.
Од кинотечна дејност – На платното на популарното ЛЕТНО
КИНО за сите генерации со акцент на младите ќе биде проектиран богат филмски
фонд.
Од литературната дејност се предвидени книжевни вечери со моќта на
убавиот збор.
И во слукарска дејност – Изложба на насликани уметнички
дела.
Со авторско дело на Центар за култура Ацо Караманов
Радовиш со поднаслов ,,НИЕ КАЈ ВАС “ со креативен и иновативен пристап ќе биде вклучена
најмладата генерација во интердисциплинарната и визуелна дејност.
Граѓаните за секој настан дополнително ќе бидат информирани како од Центарот за култура така и преку ТВ Кобра како одговорна и единствена медиумска куќа.