Радовиш

Радовишки алпинист Владе Коцев, го искачи највисокиот планински врв во Европа, Монблан 4810м/нв

Владе Коцев од населба Дамјан Општина Радовиш, успешно го  искачи највисокиот врв во Европа ,  Монблан кој се наоѓа на 4810 м надморска височина, Тој беше дел од  6- члената екипа која се искачи на врвот преку најтешката , физички и технички рута.    

-„Желбата исполнета , сонот остварен“ вели Владе кој објаснува како ја исполниле оваа мисија.

После 8 часа возење  на 19 јуни во четврток стигнале во Градот ШАМОНИ (Chamonix) во Francia.

Во Петокот на 20.јуни стартувале за Aiguille du Midi (АГИЈ ДИ МИДИ) до Retuge du Cosmiques  и стигнале  до (куќа за спиење на 3600м/нв) .

„ Овде одмор и припрема за главниот ден , спиење (кој може) за жал јас неможев ни секунда да заспијам , најверојатно поради висината и силната главоболка , повторно стартуваме во Сабота 21.06 во 01:30 после полноќ кон освојување на врвот, знаевме што не чека и физички и психички влеговме спремни во ризичните , остри и многу напорни успони“, вели Владе Коцев.

После 8 часа активно искачување успеале да стигнат  до најпосакуваната цел, во 09:30 часот на врвот на МонБлан.

По доживувањето на импресиите, следувало сликање, уживање, кое било ускратено поради ветерот и ладното време, по што започнале со спуштање преку нормалната рута, најпрво на 3800м/нв каде направиле  пауза  за преспивање. Во Недела 22.06 го започнале последниот дел од  спуштањето.

Владе го развеа старото македонско знаме со сонце со 16 краци симбол на античките Македонци и знамето на Општина Радовиш, на врвот на МОНБЛАН, меѓу знамињата на другите алпинисти.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago