Connect with us

Гевгелија

Во Општина Гевгелија се одржа информативен ден за промоција на мерките предвидени со Оперативниот план за активни програми за вработување

Media Press

Објавено на

Општина Гевгелија беше дел од националната иницијатива за промоција на мерките предвидени со Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

Настанот, организиран од Министерството за економија и труд, имаше за цел директно информирање на граѓаните за можностите што ги нуди државата во насока на зголемување на вработеноста, поттикнување на претприемништвото и поддршка на работодавачите. На настанот присуствуваа: заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески; градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов; претставници од Агенцијата за вработување; претставници од стопанскиот сектор, граѓански организации и заинтересирани граѓани од Гевгелија и регионот.

Заменик-министерот Ристески во своето обраќање изрази задоволство од големиот интерес за мерката за самовработување, на која до Агенцијата за вработување се пристигнати пријави на повеќе од 6.000 лица. Тој, исто така, се осврна на најновата мерка која од вчера е достапна, а тоа е директна помош за компаниите.

„Станува збор за мерката ‘Поддршка за креирање на нови работни места’, подмерка – Вработување и раст на правни субјекти, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи нововработеното лице на работа од 9 до 15 месеци (во зависност од целната група). Сите заинтересирани работодавачи кои сакаат да ги искористат поволностите од оваа мерка, можат да аплицираат до Агенцијата за вработување до 04.07.2025 година.“- образложи Ристески.

Градоначалникот Сарамандов ги поздрави мерките од Оперативниот план за вработување и упати апел до сите граѓани, млади луѓе, невработени лица, како и претставници од стопанскиот сектор да пројават интерес и да се запознаат со деталите од Јавниот повик во Подрачниот центар за вработување на АВРМ во Гевгелија и да аплицираат со цел да ги искористат поволностите кои се нудат.

„Оперативниот план директно ја опфаќа и нашата општина со повеќе мерки и поддржувачки програми, кои отвораат реални можности за зголемување на вработеноста, поддршка на младите, поттикнување на претприемништвото и започнување сопствен бизнис. Преку овие програми се поттикнува локалниот економски развој и се создаваат конкретни услови за намалување на невработеноста во нашиот регион. Гевгелија во изминатите неколку години бележи зголемена стопанска активност, што природно доведува до зголемена побарувачка за работна сила. Затоа, ваквите мерки се од исклучително значење како одговор на реалните потреби на пазарот на трудот.“- истакна Сарамандов.

Според официјалните податоци, досега се поднесени над 4.500 апликации за различни мерки од Оперативниот план, што е показател за довербата што граѓаните ја имаат во овие програми. Со планирани 40 милиони евра за поддршка на вработување и самовработување, Оперативниот план за 2025 година претставува сериозен чекор кон создавање одржлив, инклузивен и развоен пазар на труд и на национално, и на локално ниво.

прикажи повеќе

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе