Радовиш
Православните христијани денеска го празнуват празникот Свети Цар Константин и царица Елена
Објавено на
Од
Media PressПравославните христијани денеска го слават празникот посветен на Цар Константин Велики и неговата мајка, царица Елена, кои за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Во црковниот храм Света Троица во Радовиш по повод празникот Свети Цар Константин и царица Елена беше одржана света божествена литургија.
Првите три века христијанството било жестоко прогонувано, но сепак бројот на неговите приврзаници постојано се зголемувал. Во четвртиот век за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан прогоните биле најжестоки. Биле уривани христијанските храмови, биле палени христијанските книги, а христијаните биле подложувани на најжестоки измачувања. Дури за време на Констанциј Флор, таткото на Константин, односот кон христијаните омекнал.
Константин е најстариот син на царот Констанциј Флор, и царицата Елена. Кога татко му умрел во Англија во 306 година како император на Западната римска империја, Константин го заменил на императорскиот престол.
Мајка му Елена, многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа Христијаните, туку да ги заштитува зашто тие се добри луѓе.
Мајка му Елена е заслужна за пронаоѓањето на светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов.
Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб, бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов, но таму нашле три крста, бидејќи во близината биле и гробовите на двајцата разбојници што биле распнати во исто време. Тогаш се појавил проблем, не можеле да дознаат кој од трите е Христовиот крст. Во тоа време минувала погребна поворка и царицата Елена наредила мртовецот да се стави на трите крстови. И се случило чудо, на еден од нив мртовецот оживел. Тоа било знак дека тој е бараниот крст врз кој бил распнат Исус Христос. Кога за тоа разбрале жителите на Ерусалим потрчале да го видат крстот. Но од големата турканица што се создала не можеле да го видат, поради што владиката ерусалимски Макарие, неколку пати го кревал и спуштал крстот вртејќи се на сите четири страни. Потоа царицата изградила голема црква на местото каде што бил распнат Исус и каде што подоцна во 326 година го пронашле крстот на кој бил распнат.
Царицата Елена умрела на 18 август 327 година во 80-тата година од животот. Според некои сведоштва умрела во Палестина, а по две години моштите биле пренесени во Цариград и биле погребани во црквата на светите Апостоли.
Константин 10 години ја надживеал својата мајка, умрел во 337 година, по 32 години царување кога имал 65 години. Според личната желба неговото тело било погребано во специјално за таа намена изграден гроб во црквата Свети Апостоли во Цариград.
Аџијата Антоније видел во 1200 година дека телата на Константин и на Елена лежеле во еден гроб.
Поврзани содржини
Радовиш
ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет
Published
4 часа agoна
ноември 16, 2026By
Media Press
Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков Мисирков, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, се одржа научна трибина посветена на неговиот живот, дело и визија.
Трибината беше организирана од библиотеката „Браќа Миладиновци“ , во соработка со Комисијата за култура, образование и спорт на општина Радовиш.
На темата „Мисирков и неговата визија за македонската иднина“ говореа проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. Јовица Илиќ, кои преку своите излагања го доближија ликот и делото на Крсте Петков Мисирков пред присутните. Модератор на настанот беше Гордана Здравкоска која со професионален пристап, внесе јасност и динамика на настанот.
Преку внимателно осмислените воведувања, промислените прашања и умешното поврзување на излагањата, таа овозможи темата да биде осветлена од различни аспекти, а мислата на Мисирков да се согледа во нејзината историска, јазична и национална длабочина.
Оваа средба имаше и посебна историска симболика. Се одржа непосредно пред 18 ноември, денот на раѓањето на Мисирков во 1874 година, а во годината кога се навршуваат 100 години од неговата смрт (26 јули 1926 година).
Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со почит кон македонското историско и културно наследство, трибината обедини гости, пријатели и колеги македонисти во заедничко чествување на личноста чии идеи оставиле длабока и трајна трага во македонската историја.
Радовиш
Кривична пријава за „фалсификување службена исправа“ против двајца полициски службеници од ОВР Радовиш
Published
2 недели agoна
октомври 30, 2026By
Media Press
СВР
Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од
село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил
кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од
Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со
„фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик.
На 13.10.2026, пријавените, полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле
и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на
службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле
период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за
контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум
возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник,
првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен
преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка,
регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од
возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека
не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и
извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум
не биле запрени и контролирани од полициски службеници.
Радовиш
АХВ со вонредни контроли во месарниците – во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
Published
3 недели agoна
октомври 29, 2026By
Media Press
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).
Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.
Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!












