Струмица
Во Струмица се одржа настан по повод Денот на згрижувачите во Македонија
Објавено на
Од
Media Press
Во Подрачното одделение на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село во Струмица се одржа настан по повод 1 јуни – Денот на згрижувачите во Македонија. Ова Подрачно одделение е дело на Центарот за згрижување и згрижувачки семејства СОС Детско село и општина Струмица која даде несебична помош и поддршка за сето тоа да функционира како што треба, за доброто на дечињата. За влогот на општина Струмица во ова одделение, пред присутните зборуваше Тони Милушев раководител на Одделението за ЛЕР во општина Струмица.

-Општина Струмица минатата година ги отстапивме овие простории во Повеќенаменскиот социјален центар без надоместок, а без надоместок се и другите услови за да може ова одделение да си ја врши својата дејност, односно да го афирмира процесот на згрижување деца без родители, но и за да пружи помош на оние семејства кои згрижиле деца. Препознавајќи ја потребата од ваквата услуга и големата заложба кога станува збор за згрижувачките семејства од страна на Општина Струмица, уште еднаш ја докажавме несебичната поддршка за давање поддршка на згрижувачки семејства. Во 2025 година покрај досегашната финансиска поддршка за ослободување од плаќање надомест за деца на самохрани родители за престој во детска градинка, ги опфативме и децата згрижени во згрижувачки семејства.

Врз основа на Одлуката донесена на Седница на Совет на Општина Струмица, се објави Јавен повик во кој беа дефинирани критериумита за сите кои можаат да аплицираат на оваа мерка. Согласно овој Јавен повик се ослободени две дечиња згрижени во згрижувачко семејство од плаќање надомест за престој во детска градинка. Нашата поддршка за згрижувачките семејства ќе ја продолжиме и надградуваме, затоа што секое дете заслужува да расте во семејство и да биде среќно, рече Милушев.

Во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева УНИЦЕФ донесе одлука 1 јуни да се прогласи за посебен ден на децата.
Поврзани содржини
Струмица
Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.
Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.
Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.
Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.
Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.
Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.
Струмица
Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!
На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.
Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.
Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.
На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.
Струмица
Ново мултифункционално игралиште во Куклиш
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште
Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.
Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!






