Connect with us

Босилово

Ристо Манчев повторно кандидат за градоначалник на Општина Босилово од редовите на ВМРО ДПМНЕ

Media Press

Објавено на

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа седница на која главен фокус беше подготовката за претстојните локални избори. Во рамки на состанокот се разгледуваа повеќе предлози за кандидати за градоначалници од редовите на партијата.

Меѓу донесените одлуки, беше потврдено дека актуелниот градоначалник Ристо Манчев повторно ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Босилово.

Манчев, кој веќе има искуство како прв човек на општината, доби поддршка од партиските структури како доказ за неговата досегашна работа и довербата што ја ужива меѓу граѓаните.

Босилово

Општина Босилово ќе доделува бесплатни канти за отпад

Avatar

Published

на

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Се известуваат граѓаните на Секирник дека денес на 10-ти Ноември (Вторник) од 09:00 до 13:00 часот ќе се делат БЕСПЛАТНИ КАНТИ за отпад во паркот во центарот на селото.

Сите физички и правни лица потребно е да понесат со себе документи за лична идентификација со цел склучување на договор за користење на кантите

Прочитај повеќе

Босилово

Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

Media Press

Published

на

Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%, реагира претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој вчера беше во посета на село Иловица, општина Босилово. Тој имаше средба со земјоделци од овој регион, на која се разговараше за состојбата во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Во изјавата Филипче посочи дека сите земјоделци во државата се соочуваат со проблеми – од неисплатени субвенции, ниски откупни цени, високи производствени трошоци, поради што трпат огромни загуби. Цената на компирот, посебно е намалена, за околу 30% исткакна Филипче.

„Прво, не си исплатени субвенциите, дополнително тие за оваа година во програмата се намалени. Откупните цени се многу ниски на сите рано-градинарски производи. Цената на компирот, посебно е намалена, за околу 30%.

Станува збор за тотална негрижа од оваа власт и од ова раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Практично министер кој што единствено нешто по што е познат се бројните коруптивни скандали. И човекот е навистина исто како и целата влада, треба да замине.

Трошоците за производство се зголемени за 300%. Зголемена е цената на работната рака. Зголемена е цената на водата. Зголемени се цените на ѓубривата. И на целиот тој зголемен трошок, откупните цени на сите производи се намалени за близу 30%. Ете за таква негрижа на оваа влада станува збор. Што поскоро се замине, толку подобро за сите граѓани на државата“, изјави Филипче.

Од друга страна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува со одржување на трибини по општините во земјава,  во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на кои како што вели Трипуновски со земјоделците разговараат за активностите во земјоделскиот сектор, слушаат предлози, критики и иницијативи и креираат нови мерки.

Прочитај повеќе

Босилово

Ристо Манчев денеска официјално го прими уверението за втор мандат за градоначалник на Општина Босилово

Media Press

Published

на

Ристо Манчев денеска и официјално го прими уверението за втор мандат за градоначалник на Општина Босилово од ОИК. Манчев победи со огромна разлика од 2800 гласови во однос на својот против кандидат и стана повторно граоначалник на Општина Босилово. Тој им се заблагодари на сите граѓани за огромната поддршка и рече дека ќе биде градоначалник на за сите.

„Почитувани граѓани, најискрено Ви благодарам за вашата доверба, која што беше огромна, што за мене значи силен мотив да продолжиме уште посилно напред. Успехот е заеднички на сите нас! Се гледаме од утре на терен. Имаме многу што да работиме! Бев и ќе останам ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА СИТЕ! вели Манчев.

Уверенијата ги одбија и новите советници кои ќе бидат дел од Советот во следните четири години.

Прочитај повеќе