ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа утврди 25 кандидати за градоначалници кои убедливо воделе според сите анкети во општините за кои се предлагаат.
Златко Ристов е повторно кандидат за градоначалник на Општина Конче.
„Со огромно задоволство и гордост, Ви ја соопштувам мојата нова кандидатура за Градоначалник на општина Конче.
Овој избор
за мене претставува голема чест и признание за мојот ангажман и работа како
градоначалник на општина Конче во изминативе години, но и голема одговорност и
предизвик да продолжиме со создавање на нови политики и проекти кои ќе го
подобрат животот за сите граѓани во нашата општината.
Ќе
продолжиме со чесно, одговорно и посветено работење, како и до сега.
Благодарност
на сите за досегашната поддршка, на сите поддржувачи кои од првиот ден застанаа
зад мене, на мојот тим во општината со кој макотрпно работевме да реализираме
што повеќе проекти, но најмногу од се благодарност до сите граѓани на општина
Конче кои несебично ја дадоа поддршката за сите проекти и активности.
Не беше
лесно затекнавме финансиски долгови, но беше чест и привилегија да се работи за
својот народ.
Искрено се
надевам дека за овој период ја оправдав довербата која ми ја дадовте. Јас и
мојот тим дадовме се од себе за подобра општина Конче.
Нема
населено место каде не се реализирани по неколку проекти.
Општина
Конче мора да биде пристојно место за сите сегашни и идни генерации.
Благодарност за укажаната доверба на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски“, вели актуелниот градоначалник на Општина Конче и кандидат за втор мандат Златко Ристов.