Радовиш

Општина Радовиш додели признанија на најдобрите наставници, професори, негователи и воспитувачи по повод 24 мај – Денот на просветата и светите просветители Св.Кирил и Методиј

По повод 24 мај – Денот на просветата и светите просветители Св.Кирил и Методиј, Општина Радовиш  додели признанија на најдобрите наставници, професори, негователи и воспитувачи во општината. Свечениот настан кој беше организиран во Музејот на Љубовта и Уметноста во Радовиш, започна со Рецитал за светите просветители Кирил и Методиј, во изведба на ученици од ОУ  „Крсте Петков Мисирков“  од Радовиш под менторство на професорот Томе Постолов.

Признанија беа додлени на 14 просветни работници, еден негувател и еден воспитувач од ДГ „Ацо Караманов“, по двајца наставници, еден од одделенска и еден предметен, од петте Основни училишта во општината, и двајца професори од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш.

Општина Радовиш ги додели овие признанија со цел да се стави акцент на важноста на образованието и просветните работници, кои се движечка сила која произведува квалитетни идни генерации, кои ќе го движат општеството напред.

Признанијата беа доделени од страна на градоначалникот Ацо Ристов, кој меѓу другото рече дека и останатите наставници и професори се подеднакво вредни како и овие кои годинава добија признание и подеднакво го цени и почитува нивниот труд, притоа честитајќи им го денот на сите просветни работници.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago