СВР Струмица до Основното јавно
обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Г. (56) од Струмица
поранешен директор на Јавно претпријатие за комунална дејност од Струмица
поради сомнение дека сторил кривично дело
„злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 став 2 и 5, а
во врска став 1 од Кривичниот законик.
„З.Г. извршувајќи ја функцијата директор злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба во текот на 2022 година за потребите на јавното претпријатие, по фактури набавил вреќи за отпад од правно лице од Струмица, за цена во вкупен износ од 1.239.000 денари, а во 2023 година исто така набавил вреќи за отпад за цена во вкупен износ од 1.872.660 денари. Ваквите набавки ги извршил без да се спроведе постапка за јавна набавка и конкурс за избор на идејно решение, односно постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки. Исто така, пријавениот како директор на јавно претпријатие бил должен да предложи годишен план за јавни набавки и да донесе одлука за набавка на средства за работењето на претпријатието, меѓутоа тоа не го сторил, со што постапил спротивно на член 34 од Статутот на јавното претпријатие. Со таквите дејствија З.Г. овозможил правното лице од Струмица да се стекне со против правна имотна корист во вкупен износ од 3.111.660 денари“, информира СВР Струмица.