Струмица
Костадинов: Ние сами ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар во градинките
Објавено на
Од
Media Press
Ние сами ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар во градинките, вели градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов во објава на социјалните мрежи, притоа споделувајќи документ со кој ја информира јавноста дека е одбиено нивниото барање од наделжните институции за вработување на негувателки во градинките.
„Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност за ангажирање на нови негувателки, ние сами ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар.
Општина Струмица и јас нема да дозволиме никогаш дечињата да страдаат поради терање на партиски инает и непринципиелни предизборни агенди.
Итен ребаланс на буџет само за тој основ е навистина неопходен, се работи за нашите деца!
Очекувам дека за многу брзо време потребните негувателки и воспитувачи и технички персонал ќе почнат да работат со дечињата во нашите градинки“, стои во објавата на Костадинов.

Поврзани содржини

Костадинов ги отфрла обвинувањата за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси

Костадинов: Поприлично сум изненаден од одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите спасители

Градоначалникот Костадинов реагира на изјавата на Филипче: Сè кажано ќе го примам како вид политичко неискуство

Струмичките пожарникари најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари, 20% зголемување на платите и за администрацијата

Костадинов: Јас не сум противкандидат на овие избори, општината редовно пушта пари на ЈП Паркиралишта, Струмица
Струмица
Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.
Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.
Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.
Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.
Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.
Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.
Струмица
Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!
На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.
Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.
Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.
На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.
Струмица
Ново мултифункционално игралиште во Куклиш
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште
Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.
Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!






