Василево

Општина Василево ќе гради бетонски канал од с.Владиевци до с.Сушево, во вредност од 7 милиони денари

Општина Василево обезбеди средства за изградба на бетонски канал на потегот од населено место Владиевци до  населеното место Сушево. Градоначалникот Славе Андонов, вчера во просториите на Министерството за локална самоуправа го потпиша Договорот за изградба на бетонскиот канал со кој дел од средствата за реазлизација на овој проект се обезбедени преку ова Министерство во рамки на објавениот Јавен повик.
Планираниот Буџет, согласно првичните пресметки изнесува околу 7 000 000 денари, а вкупната должина е 1.2 км.


„Во просториите на Министерството за локална самоуправа го потпишав договорот за изградба на бетонски канал од Владиевци до Сушево, во рамките на Јавниот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа“, напиша во објавата на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов по потпишувањето на договорот.
Градоначалникот ги најави и проектите со чија реализација во овие две населени места ќе се подобрат условите за живот на граѓините и воедно ќе се одговори на нивните барања.
„ Во Владиевци ќе се реализираат неколку капитални проекти: Бетонски канал од Владиевци до Сушево, со што овој дел од населеното место ќе добие нов лик, но во исто време ќе реконструира и постоечката фекална канализација,  ќе се реконструира кошаркарското игралиште и истото ќе добие современ лик, партерно ќе се уреди дворот околу новата црква во Владиевци; ќе се асфалтира улицата до Павлов Драги, ќе се бетонира улицата до Ристо Ѓоргиев, ќе се асфалтира улицата покрај поштата, почнувајќи од кошаркарското игралиште, која е долгогодишно барање на граѓаните од Владиевци“, информира Градоначалникот.

-Граѓаните заслужуваат модерна и инфраструктурно развиена општина Василево. Изминатите 3 години на дело покажавме како се работи и како се реализираат дела“,стои во објавата на Градоначалникот кој преку низата планирани проекти за наредниот период го најавува развојот на општината.
Андонов сподели информација и за планираните проекти во другите населени места од општината. „Нови проекти ќе се реализираат во сите населени места: Изградба на отворен канал во  Дукатино; Изградба на фекална канализација во Радичево; Реконструкција и ревитализација на улица од влез до центар на Пиперево; Реконструкција на улица во Нова Маала кон гробишта; Изградба на последен крак од фекална канализација во Пиперево; Изградба на улица кон болницата во Пиперево;  Уредување на атмосферски канал во турското маало во Градошорци; Уредување со бекатон на патеки во селските гробишта во Ангелци; Асфалтирање на улици во: Ангелци, Дукатино, Радичево, Сушево, Василево, Градошорци, Седларци, Пиперево, Едрениково, Чанаклија, Висока Маала, Доброшинци, Владиевци и Нова Маала“, се проектите кои во наредниот период ќе бидат реализирани низ сите населени места на општина Василево.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago