Православните верници денеска го слават свети Атанасиј Велики или Атанасовден летен
Православните
верници денеска го слават свети Атанасиј Велики или Атанасовден, празник
посветен на големиот христијански светител Св. Атанасиј Велики.
Нашиот народ
го празнува двапати во годината споменот на Свети Атанасиј. На 31 јануари,
со домашни служби, се празнува Атанасовден-зимен, како заеднички спомен на
двајцата александриски архиепископи Св. Атанасиј Велики и Св. Кирил
Александриски, за нивните заеднички заслуги во одбраната на православието од
двете ереси: аријанството и несторијанството.
Свети
Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време
минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија
станал архиѓакон во александриската црква.
Во младоста
стекнал солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележал
архиепископот Александар, па кога потпораснал го зел за свој личен секретар.
Кога Александар се упокоил на александриската катедра бил избран Атанасиј.
Свети Атанасиј неколку пати бил прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати
се враќал на катедрата. Крајот на животот сепак го поминал во својата црква во
Александрија. Се упокоил во 373 година.
Празникот, народот го смета за средзимо и се верува дека главните студови веќе се поминати. Во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви.
Се празнува и на 15 мај, ден на упокојувањето на светителот, празник познат како Атанасовден-летен. Особен култот кон празнуваењето на Свети Атанасиј во лето е раширен во повеќето села во Радовишко (Ораовица, Сулдурци, Дедино).