Струмица

Костадинов: Жалам што советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани гласаа против меморандумот за меѓу општинска соработка помеѓу Струмица и Кочани

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани гласаа против предлог-меморандумот за меѓуопштинска соработка помеѓу Кочани и Струмица, за што градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов изразува жалење.

„Денеска советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани гласаа против меморандумот за меѓу општинска соработка помеѓу Струмица и Кочани со што формално паднаа во вода напорите на сите струмичани да институционално помогнеме на град кој пред многу кратко време се соочи со најголемата трагедија во историјата на независна Македонија…

Јас прво како човек сакам да се извинам на Кочани на нивните советници од ВМРО-ДПМНЕ, за нашите искрени заложби да пружиме рака, колку и да не сакам да политизирам морам да пуштам и порака до секој жител на Кочани, нашата поддршка е тука, таа е искрена, од срце и без никаква позадинска намера.

Изненаден сум од политичкото, хуманото рацио на ВМРО-ДПМНЕ Кочани, да се делува партиски дури и во денови кога единството е најпотребно, но одлуката е ваша, легитимна и јас и општина Струмица во целост ќе ја почитуваме.

Како град стоиме во целост на располагање на Кочани, на семејствата на починатите деца, на оние кои се повредени, да помогнеме согласно нашите можности“, вели Костадинов во објава на социјалните мрежи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago