Connect with us

Македонија

Инјектирани нови 41,2 милиони евра во домашната економија, исплатена третата транша од унгарскиот заем наменет за компаниите

Media Press

Објавено на

Министерството за финансии денеска префрли од централниот Буџет нова транша од 2,5 милијарди денари за поддршка на домашните компании. Средствата се префрлени кон Развојната банка, од каде се трансферираат кон деловните банки преку кои се реализираат средствата од оваа кредитна линија кон крајните корисници – компаниите.

„Денеска инјектираме нови 41,2 милион евра во домашната економија. Со овие средства заедно со двете веќе исплатени транши од вкупно 84,54 милиони евра поттикнуваме значајна инвестициска активност кај домашните компании и домашната економија.  Тоа се вкупно 125,7 милиони евра средства кои Владата директно ги вбризга во домашната економија. Тоа се проекти кои ќе дадат значаен инпут врз економскиот раст и кои ќе бидат еден сигнал или чекор кон остварувување на проекцијата од 3,7%„ вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Ова е трета транша која се префрла од буџетот кон Развојната банка за поддршка на проекти на домашните компаниите од средствата обезбедени од унгарскиот заем од страна на Владата. Вкупно досега се префрлени 125,7 милиони евра во три транши. Компаниите имаат на располагање средства во вкупен износ од 250 милиони евра кои се планирани во Буџетот за 2025 година и за поддршка на своите проекти можат да поднесат барање во деловните банки преку кои се реализира оваа мерка на Владата насочна кон поддршка на домашната економија.

Средствата се пласираат кон компаниите под исклучиво поволни услови, рок на отплата до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години и каматна стапка од 1,95%, како и  без надоместок за одобрување и управување.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе