Македонија

Денеска се празнува Руса среда или Преполовение

Меѓу подвижните празници и во црковниот и во народниот календар значајно место има празникот Преполовение, меѓу народот познат како Руса Среда, кој се слави на 25-тиот ден по Велигден.

Овој празник зависи од Велигден бидејќи се паѓа на средината меѓу Велигден и Духовден, и секогаш е во среда. Затоа освен Руса Среда се вика и Преполовение што значи половина од Педесетницата, односно половина до Духовден.

Меѓу нашиот народ празникот Преполовение важи за народен празник и е проследен со многу обичаи и верувања.

Имено, важноста на празникот се состои во тоа што на овој ден се празнува Христос како премудрост Божја. За тоа зборува и фактот што големите катедрални хреамови што го носат името Света Софија (на пр. во Охрид, Константинопол и др.) не се посветени на некоја светица со име Софија туку на Премудроста Божја, а тоа е Исус Христос. „Нивната храмова слава била, според разни испитувања, на празникот Преполовение“.
Празникот Преполовение се совпаѓа со јудејскиот празник Сеници што бил третиот голем празник на Јудејците, заедно со празникот Пасха и празникот Педесетница. „Бил востановен во сеќавање на престојувањето на Јудејците во пустината, кога оделе од Египетската земја кон Ветената земја.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago