Connect with us

Македонија

Денеска се празнува споменот на Свети Василиј Острошки

Media Press

Објавено на

Денес кога Црквата го празнува споменот на Свети Василиј Острошки, со благослов на Неговата Светост, српскиот Патријарх Порфириј, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Света Божествена Литургија во манастирот Манасија, во Република Србија.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

-Доаѓањето на преосветениот владика Јаков, епископот Стобиски од Македонската православна црква и неговото началствување со евхаристиското собрание беше на голема радост на браќата и на верниот народ, напишаа од манастирот Манасија.

Свети Василиј Острошки се слави на 12 мај, и на овој ден голем број верници го посетуваат манастирот Острог да се поклонат на неговите мошти.

Свети Василиј е еден од најценетите светци во Регионов, а кај нас е познат и како Чудотворец. Роден е во 1610 година како Стојан Јовановиќ во селото Мркоњичи, близу Требиње.

Поради страв од данок во крв, неговите родители го испратиле во осамениот манастир Завала на 12-годишна возраст. Неколку години подоцна, тој се преселил во манастирот Тврдош (Требиње), каде што посетувал манастирски училишта. Тој се здоби со титула архимандрит и отиде на обиколка на големите православни центри на Света Гора и во Русија. Во 1638 година бил ракоположен за митрополит во Пеќската патријаршија. Починал во 1671 година во Острог, каде што се чуваат неговите мошти и денес.

Луѓето исто така го нарекуваат „Светец кој се движи меѓу луѓето“, бидејќи цврсто се верува дека тој шета низ нашата земја, помагајќи им на оние на кои им е потребна помош. За тоа сведочат многуте волнени чорапи што свештеникот ги носи навечер, а наутро ги пречекуваат истрошени и искинати чорапи на светите мошти на Василије Острошки.

Луѓе од цела Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, одат пеш да му оддадат почит на овој голем светец. Многу жени, секоја на свој начин, даваат завет пред да го посетат манастирот во Острог. И многу наши Македонци го посетиле манастирот Острог и сведочат за чудата на Свети Василије Острошки.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе