Регион

Со бројни активности СВР Струмица го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција


На 07.05.2025, Секторот за внатрешни работи Струмица организираше повеќе активности во чест на 7 Мај – Денот на македонската полиција.
Во кругот на СВР Струмица беше организиран централен настан на кој, покрај раководството на СВР Струмица, присуствуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев со членови на неговиот кабинет, претставници од семејствата на загинати бранители кои потекнуваат од овој регион, претставници на општините од регионот, гости од повеќе институции и граѓани. По обраќањата на началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов и директорот Александар Јанев, преку видео презентација беа прикажани резултатите од работата на СВР Струмица за првите четири месеци од 2025 година споредбено со истиот период од минатата година.


Во чест на денот на полицијата, библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица во соработка со Отсекот за превенција при СВР Струмица распиша конкурс за литературни творби или илустрација на тема: „Хероите носат униформа, но и срце“. На овој конкурс пристигнаа вкупно 144 творби, од кои 66 литературни творби и 78 илустрации, а бидејќи беше од ревијален карактер на сите учесници им беа доделени пригодни подароци.

Пристигнатите илустрации беа изложени во кругот на СВР Струмица и можеа да ги видат сите присутни. Исто така, беа прочитани и неколку од литературните творби. Манифестација ја збогатија и децата од градинката „Виножито“ од Струмица и на нив им беа поделени маици со паролата „Хероите носат униформа,  но и срце“. 

Присутните имаа можност да се запознаат со дел од опремата која користат полициските службеници при извршување на редовните работни активности и специјалните задачи.
Активности за одбележување на денот на полицијата беа спроведени и во Одделенијата за внатрешни работи во Радовиш, Гевгелија и Валандово. Пред зградата на ОВР Радовиш беше положено цвеќе пред споменикот на загинатите бранители Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев.

ОВР Гевгелија го посетија ученици од градинката „Детска Радост“ од Гевгелија и ученици од ООУ „Петар Мусев“ од Богданци и ООУ „Крстев Мисирков“ од Гевгелија, додека ОВР Валандово беше посетено од деца од градинката „Калинка“ од Валандово.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago