Струмица

Се одржа 53-от Државен тракторски натпревар на средните стручни земјоделски училишта од Македонија

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска го отвори 53-от Државен тракторски натпревар на средните стручни земјоделски училишта од Македонија на кој домаќин беше СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица, Стоја Ѓеоргиева ученичка од 4 година училиштето домаќин ја однесе победата.

-Убаво е кога на едно место се собрани толку млади луѓе коишто со помош на нивните професори – ментори преку натпревар ќе ги презентираат стекнатото знаење и вештини, ќе покажат и докажат колку знаат и зошто ја заслужуваат нашата поддршка. А учениците се моја и гордост на општина Струмица, тие го заслужуваат најдоброто од нас и секогаш ќе го имаат. Драги ученици учесници во натпреварот, со нетрпение очекуваме да ве видиме во презентирањето на вашите вештини во дисциплините вешто возење во машка и женска категорија, заштита на растенија, размножување на растенија, одгледување на растенија по пат на органско производство и техники по ветеринарна медицина. Интересни и корисни дисциплини кои имаат широки можности за докажување на стекнатите знаења, умеења и вештини, откривање на нови таленти, јакнење на натпреварувачкиот дух и желбата за победа. Но и дисциплини коишто ќе бидат корисни во вашата професија со која ќе се занимавате по завршувањето на образованието. На земјоделството како важна гранка и стратешки интерес и на општината и државата, му се потребни млади образовани луѓе подготвени за изучување и користење на современи техники и технологии за квалитетно производство барано на домашниот и странските пазари, рече меѓу другото градоначалникот Костадинов.

Стоја Ѓеоргиева ученичка од 4 година при СОУ ,, Димитар Влахов,, од Струмица најдобра во дисциплината вешто возење на 53 тиот Државен тракторски натпревар за средни стручни училишта 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago