Струмица

Општина Струмица со пригодна свеченост пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ, го одбележа 9 Мај – Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа

Општина Струмица денеска со пригодна свеченост којашто се одржа пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ во малиот градски парк, го одбележа 9.Мај – Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа.

За значењето на овој ден зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

„Го одбележуваме денот кога ја славиме симбиозата помеѓу мирот и обединувањето. Истата ја чувствуваме како слободни граѓани, сеќавајќи ги хероите во минатото, поклонувајќи се на сите подвизи и чинења со кои е создаден народот познат како „пиреј“, народ кој слободата не ја остава случајно на иднината и народ кој достоинствено се бори за сите права и привилегии, преку сопствените одговорности и аспирации. Денешниот ден, 9 Мај е кулминација над фашизмот и претставува фундамент на кои беа поставени темелите на денешната Европска Унија.Споменот на овие факти треба да претставува уште посилен поттик за поголеми заложби на секој поединец, за да се оствари и нашиот европски сон. Секој чинител во ова општество е одговорен за негово реализирање. Но, најголемата одговорност е кај политичарите кои крајно време е, сите, без исклучок, да се издигнат над ситнопартиските интереси во интерес на државата и нејзината европска иднина којашто толку долго ја посакуваме. Патот кон Европа е отворен само доколку бидеме исклучително исполнителни во нашата улога на достоинствени и чесни граѓани. Нека ни е честит и вековит 9. мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа“.

По полагањето на цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ, во чест на празникот настапија и рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago